Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешно „Матично“ стана Младински центар

0
By Нова ТВ on February 17, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 17, 2021 14:35

Старото „Матично“ во Центар добива нова младост. На локацијата на поранешната служба за матични работи, Општина Центар го отвори првиот општински младински центар во државата. Симболично, ќе се вика „Матично“, како матична локација на младите, каде ќе можат секојдневно да се дружат, забавуваат, дебатираат, едуцираат и да ги посетуваат различните настани и содржини кои ќе ги понуди центарот. Идејата за создавање на едно вакво младинско катче произлезе на форумите што ги организираше општината, која го прифати концептот за младински центар, предложен од група млади од Првиот скопски извиднички одред.

Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска го пуштија во употреба новиот Младински центар „Матично“, сместен во објектот на поранешната управа за водење матични книги, на улицата „Михаил Цоков“.

Станува збор за култен објект на кој му беше неопходна целосна реконструкција, а сега прераснува во младински центар во кој различни младински и извиднички организации, но и неформални групи ќе можат да ги реализираат своите едукативни и културни активности.

– Иницијативата за овој проект дојде токму од младите од општината Центар што е доказ за инклузивноста што сакаме да ја внесеме во секој сегмент од општеството. Станува збор за еден од култните објекти во нашиот град, објектот на „Матично“ што 52 години не беше реновиран, а сега може да го видиме во едно сосема поинакво и поубаво светло. Она што мене ме радува е што прифатената иницијатива од младите е доказ како со интеринституционална соработка можеме и од нешто што било руинирано да создадеме квалитет повеќе. Тука пред се мислам на соработката што ја остварија Владата на Република Северна Македонија и Општина Центар со доделувањето на овој објект на трајно користење на Општината, внесувањето на разни организации и донаторска помош која беше дел од овој процес, како и индиректната помош којашто Градот Скопје и ја дава на Општината Центар, особено во реализацијата на програмите што се однесуваат на младите луѓе во нашата држава – рече градоначалникот Шилегов, на денешната прес-конференција.

Шилегов нагласи дека е горд што ваков Младински центар излегува токму од срцето на Скопје, од општината Центар, како пример што треба да го следат сите единици на локална самоуправа.

„Просторот нуди одлични услови за реализирање младински програми од секаков вид. Имаме на располагање три големи простории и дворно место, кои ќе бидат достапни за сите младински организации од Центар. Планирани се различни едукативни, културни и забавни активност. Кога ќе заврши состојбата со корона вирусот, ќе организираме настапи на млади музичари, ликовни колонии, изложби на млади уметници, како и филмски проекции“, вели Снежана Јанковиќ, координатор на младинската програма на Прв скопски извиднички одред. 

Младинскиот центар „Матично“ располага со голема конференциска сала, која ќе се користи за одржување едукативни, културни и забавни настани. Центарот ќе има и читална, како и соба за релаксација (chill zone) која ќе биде опремена со lazy bags, маса за фудбалче, пикадо, пинг – понг маса и други забавни содржини. Дворниот простор ќе биде хортикултурно уреден и ќе биде поставена урбана опрема. Просторот е конципиран согласно европските стандарди, ќе биде целосно инклузивен и овозможува пристап за лицата со посебни потреби.

„Горд сум што Центар е прва општина во државата со свој младински центар и што први ја исполнивме оваа обврска предвидена во Законот за младинско учество и младински политики. Ова е особено драг проект за сите нас, бидејќи сметам дека успеавме да создадеме автентичен простор кој на младите ќе им понуди одлични услови за дружење, едукација и забава. Матично останува симбол на градот, но еден нов, модерен и прогресивен симбол“, изјави Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар.

Општината ќе распише јавен повик за користење на центарот, на кој ќе може да се пријават сите младински организации на ниво на општина Центар. Младинскиот центар „Матично“ е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“. Вкупната инвестиција за реконструкција на објектот изнесува речиси седум милиони денари, а 83 отсто од средства се обезбедени од Општина Центар. Донатор на проектот е Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), додека спроведувач е Програмата за развој на обединетите нации (UNDP).

На денешниот настан присуствуваа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски.

Општина Центар е првата општина на територијата на Скопје, а и во државата која отвора ваков младински центар како обврска која произлегува од Законот за младинско учество и младински политики.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.