Си-Ен-Ен го прекинува „Пирс Морган во живо“ по само три години емитување во ударно телевизиско време.
Шоуто, водено од поранешниот уредник Пирс Морган, не успеа да добие на гледаност, и во рејтинзите губи од кабелските оператори.
„Си-Ен-Ен потврдува дека „Пирс Морган во живо“ завршува“, се вели во соопштението на еден од највлијателните медиуми во светот. „Датата за последното шоу сеуште не е одлучена“.
Шоуто на Морган во 2011 година го замени она на познатиот ТВ водител, Лери Кинг. И додека двете шоуа имаа сличен формат со фокус ставен на интервјуа, Британецот Морган никогаш не ја доби истата публика која Кинг ја имаше.
„Изминатиов период беше мачен, претрпевме пад во рејтинзите“, изјави Морган за Њујорк Тајмс во неделата.
Во неговото интервју за Тајмс, тој вели публиката можеби е изморена од неговиот фокус на контролата со оружјето – тема која беше во фокусот на Морган како последица на неколкуте масовни пукања во САД.
„Видете, јас сум Британец кој дебатира за проблеми во американската култура, вклучувајќи го оружјето, кое предизвика многу поделби“, вели тој. „Нема сомнение дека има многумина во публиката кои се изморени од мојот фокус кон тоа“.
Морган беше ангажиран од страна на Џон Клајн, поранешниот шеф на Си-Ен-Ен во Америка.