НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на општина Центар отсега ќе можат преку Green Pay картичката да купуваат со попуст

0
By Нова ТВ on March 19, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар, почнува да функционира зелената мрежа на локали каде со плаќање преку Green Pay картичката жителите на Општина Центар ќе имаат можност да купуваат со попуст во маркети, ресторани, кафеани, кафулиња, бутици, книжарници, рибарници, мобилари и слично.

-Досега, повеќе од 70 локали кои се наоѓаат на територија на Општина Центар се приклучија на зелената мрежа со цел да им овозможат на жителите да купуваат со попуст од 5, 7 и 10 отсто. Поволностите на зелената мрежа можат да ги користат само жителите кои учествуваат во процесот на рециклирање на PET пластични шишиња и лименки преку повратните вендинг машини и кои поседуваат Green Pay картичка. Веќе од денес, сите потребни информации за начинот на користење на поволностите кои ги нуди зелената мрежа, повратните вендинг машини и Green Pay платежната картичка ќе бидат достапни на новата веб страна green.poc.mk каде што граѓаните ќе имаат можност да ги пребаруваат локалите кои нудат попуст, валидните амбалажи за рециклирање, локациите на повратните вендинг машини, како и начинот на аплицирање за Green Pay картичката и нејзино користење, стои во соопштението од општината.

Оттаму велат дека жителите на општина Центар веќе неколку месеци имаат можност да рециклираат пластични шишиња и лименки за што добиваат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay платежна картичка.

-До овој момент, рециклирани се 64 418 амбалажи, а издадени се повеќе од 2 000 картички. Со плаќање преку Green Pay картичката граѓаните ќе можат да го користат повратот на пари од рециклирањето за купување со попуст во зелената мрежа и за користење на услугите на ЈП ПОЦ. Дополнителна поволност на оваа картичка е можноста за префрлање на средства од други платежни картички. Проверка на билансот на картичката и трансфер на средства се врши на greenpay.mk, велат од општина Центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.