НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Марковиќ, Подгорица: Ќотек за новинарите

0
By Нова ТВ on March 20, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Никола Марковиќ

Податокот дека во Црна Гора од 2004 година, која се зема за референтна, до денеска има 87 пријавени напади врз новинари и имот на медиуми најдобро илустрира на кое ниво е слободата на медиумите во нашата држава.

Релевантни меѓународни организации, како што се Фридом Хаус и Репортери без граници, ја рангираат Црна Гора како делумно слободна, а тоа сликовито би можело да се опише како состојба во која можете да објавувате сè, ако сте подготвени да сносите нелегитимни последици од вашето пишување и истражување.

Најдрастичните случаи на напади врз новинари и медиуми (убиство на Душко Јовановиќ, обид за убиство на Оливера Лакиќ и Туфик Софтиќ, но и бомбашки напад врз редакцијата на „Вијести“) не се расветлени, иако од некои од нив минаа повеќе од 15 години.

Постојат две клучни причини за ова: недостаток на политичка волја кај доскорешната власт и недостаток на професионален капацитет во обвинителството и во полицијата. На крајот на краиштата, новинарот Туфик Софтиќ ја освои државата на суд поради неефикасна истрага. Примери за ваквите тврдења има на претек: во случајот со убиството на Јовановиќ, обвинителството сè уште не го испитало лицето кое се пријавило да биде заштитен сведок во 2015 година, додека во случајот на еден од нападите врз Оливер Лакиќ е докажано дека полициски инспектор дал лажна изјава пред суд.

За жал, во ниту еден од 87-те напади, ниту еден обвинител не беше сменет, ниту пак одговараше дисциплински, дури никој не беше казнет парично за пропусти во истрагите. Во неколку случаи, како што беше нападот врз Младен Стојовиќ, настапи дури и застарување.

Освен физички напади, редакциите кои не беа под контрола на партијата на Мило Ѓукановиќ со години беа изложени на финансиски притисок. Тој се рефлектира во бројните тужби за повреда на честа и угледот кои имаат екстремни побарувања за отштета. Во претходниот период, медиумите беа главно тужени од функционери на владејачката партија, нивни блиски роднини или бизнисмени блиски до врвот на режимот.

И покрај повеќегодишните критики од Европската комисија, Демократската партија на социјалистите (ДПС) се трудеше да ги ограничи медиумските слободи и преку законски норми. Минатата година, тогашното владејачко мнозинство го изгласа Законот за медиуми, кој ги обврзува новинарите да го откријат својот извор во одредени случаи на барање на обвинителот. Повикувајќи се на практиката во некои европски земји, режимот на Ѓукановиќ карикираше решенија од развиените европски општества за да спречи инсајдери од своите редови да бидат релевантни новинарски извори.

Така, во пракса, може да се случи обвинителот да покрене истрага и да го присили новинарот да го открие својот извор, а потоа да се откаже од истрагата. Ваквите ситуации не се неочекувани ако се знае дека и ден-денеска обвинителството и судството во Црна Гора се партизирани, а не независни.

Слична е состојбата со законот за слободен пристап до информации како главна алатка за истражувачки новинарски стории.

Трет и не помалку важен метод за напад врз независните медиуми е јавното клеветење на истакнати новинари и граѓански активисти преку прорежимски медиуми со седиште надвор од Црна Гора. Речиси секој кој се занимава со истражување на поранешната влада бил предмет на валканата кампања на тој медиумски талог.

Од сите овие причини, очекувањата на медиумската заедница по промената на владата во Црна Гора се големи. Се очекува истрагите најпосле да мрднат од мртва точка, а законите да бидат преиспитани, со решенија што ќе ја афирмираат наместо да ја гушат слободата на медиумите.

За жал, работите се движат многу бавно, особено кога станува збор за промена на законодавната рамка. Сепак, она што е добро е фактот дека конечно во Црна Гора (барем досега) може да се критикуваат постапките на владата без последици.

 

Никола Марковиќ е новинар, до неодамна беше заменик на главниот уредник на дневниот весник „Дан“ и претседател на Комисијата за следење на истрагите за нападите врз новинари.

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.