НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владан Кречковиќ e добитник на наградата „Мостови на Струга“

0
By Нова ТВ on March 23, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Добитник на „Мостови на Струга“ за 2021 година, награда за најдобра дебитанстка поетска збирка од млад автор (под 35 години), што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ во соработка со УНЕСКO , е српскиот поет Владан Кречковиќ.

Според возобновената традиција, оваа одлука беше соопштена во седиштето на УНЕСКО во Париз, по повод Светскиот ден на поезијата. Оваа година, свечениот настан се одржа во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, чиј јубилеј беше вклучен во Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 25 до 30 август.

На конкурсот што беше отворен до 1 март, пристигнаа 46 стихозбирки од кои 36 ги задоволуваа формалните критериуми, што укажува на зголемен интерес за оваа престижна награда.

Во најтесниот избор на кандидати за добитници на наградата беа: Џерардо Масучо (Италија), Тариро Ндоро (Зимбабве/Велика Британија) и наградениот автор Владан Кречковиќ.

Владан Кречковиќ е роден во Белград, 1988 година. Дипломирал Новинарство и комуникологија на Факултетот за политички науки на Белградскиот Универзитет. Неговата поезија е објавувана во неколку книжевни списанија: „Градина“ (Gradina), „Чекори,(Koraci), „Факел“, (Buktinja) и веб порталите „Астронаут“, „Страници“ (Strane) и „Афирматор“. Париз, Тексас е неговата прва поетска книга. Покрај поезија, тој пишува проза, а неговиот краток расказ Исчезнатите беше дел од 41. издание на Ракописи – зборник на проза и поезија од млади автори од земјите на поранешна Југославија.

Неговата дебитантска збирка Париз, Тексас, за која ја добива наградата е во издание на Енклава. Во рецензијата за збирката се вели:

Веќе од самиот наслов на првата збирка песни на Владан Кречковиќ, Париз, Тексас е назначено на кој начин би требало да се читаат песните што се пред нас. Алудирајќи, пред сѐ, на култниот филмски класик на Вим Вендерс, но и на филмот Чанкинг Експрес на ништо помалку култниот Вонг Кар- Ваи, што говорат за тоа колку животот може да биде безволен и без смисла по прекинот на емотивните врски, Владан Кречковиќ на мошне суптилен и непретенциозен начин ја раскажува приказната за разделбите обидувајќи се преку патувањата, гледањето на семејните фотографии, наоѓањето соговорник во странецот што оставил коменар на Youtube, преку непрестајното сеќавање и преиспитување, да најде потпорна точка од која неговиот живот може да продолжи со вообичаениот тек. Оваа книга нуди поинаква перспектива на романтичната загуба без грам патетика и претставува исчекор во просторот на новата чувствителност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.