Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Миодраг Мајиќ, Белград: Општество на уништени институции

0
By Нова ТВ on March 28, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 28, 2021 10:57

Пишува: Миодраг Мајиќ

За повеќето овдешни граѓани, приказната за владеењето на правото не претставува ништо друго освен ларпурлартистичко второсрпско мудрување од кое никогаш немало никакво фајде. Затоа што владеењето на правото „не се мачка на леб“, ниту со него се градат патишта, не се прочистува воздухот, ниту се намалува количеството на отпад во реките. За големо мнозинство од овие транзициски реалисти работата е јасна – време е да се откажеме од млатење празна слама и да се посветиме, како што љубат да кажат нашите политичари, на животните проблеми на граѓаните.

Паралелно со ваквото резонирање, со владеењето на правото, можеби и уште повеќе, се шегуваат овдешните властодршци. Целосното уништување на институциите, сѐ почестото потсмевање на нивна сметка, и концентрирањето на сите три гранки од власта во личноста на еден човек, сосема се усогласени со ваквиот сентимент. Хармонизираното содејство на популистичките методи и културниот образец придонесоа за општиот впечаток дека, кога станува збор за владеењето на правото, Србија денеска е многу поблиска до архаичните ориентални деспотии отколку до модерната, манифестно посакувана Европа. Во прилог на ова тврдење можеби најдобро сведочи и фактот дека, како ретко каде, во чаршискиот вокабулар се востанови дури и подбивна конотација на терминот „легалист“. Со него, наместо афирмативно означување на поединец кој се залага за поредок што се темели на устав и закони, го оцрнува „попот бадијалџија што и јариња крсти“, кој, како во онаа Брозовата, „се држи за законот како пијан за плот“.

Последиците од ваквиот пристап мора да беа предвидливи. Општеството кое не ја увидува причинско-последичната врска меѓу владеењето на правото и сеопштиот квалитет на живот е осудено на пропаѓање. Токму онакво на какво сме сведоци. Покрај највидливите уништувања на институциите, денешна Србија ја погодуваат економска и културна сиромаштија, сѐ поголем јаз меѓу мал број на обогатени и големо мнозинство на осиромашени, масовно иселување на млади и образовани, преземање на највисоките државни позиции од страна на медиокритети, како и сѐ поопасното труење со воздухот… Па сепак, за повеќето од оние што останаа во овдешниот смог, владеењето на правото и понатаму останува здодевна, неживотна тема.

Поради тоа, не зачудува што и во оваа област учиме не од искуствата на другите, туку од сопствените грешки. Последниот извештај на Европскиот парламент за Србија, заедно со усвоените амандмани, зборува во прилог на ова. Појасно од кога и да е претходно, рефератот на европските парламентарци ги опоменува овдешните политички актери, но и општата јавност, колку има трулеж во грижливо создаваниот имагинариум. Многу подиректно, сосема недвосмислено, овојпат се зборува за сето она за што веќе цела деценија зборуваат сите оние што не прифаќаат учество во илузијата. Со еден збор, додека се занесувавме со „неверојатните економски и политички успеси на Србија која сега сите во светот ја почитуваат“, се разбудивме во друштво на целосно уништени институции и на организиран криминал длабоко испреплетен со правосудството, кое во целост е неспособно да одговори на овие предизвици. За разлика од многуте претходни оцени од овој вид, кога дипломатски претпазливо се калкулираше со процентот на пофалби и на критики, сега сѐ е тука – и оценката за состојбата во правосудството, но и споменувањето на конкретни афери како што се Савамала, Крушик или Јовањица. Сето тоа што со години го знаеме, а што со години го премолчуваме.

Покрај тоа, сега и сосема јасно е речено – правосудството, а не Косово, ќе биде основното испитно прашање на овдешните повторувачи. Ќе биде неопходно да го покажеме сето она што недостига сите овие години – брзи, ефикасни истраги на споменатите и на многу други афери, процесуирање на корупцијата поврзана со највисоките врвови на власта, независно судство…

Познавајќи ги овдешните прилики, но и споменатата заинтересираност на граѓаните за овие работи и нивната известеност за истите, за очекување е дека домашните лидери и во наредниот период ќе купуваат време со основање на нови работни групи, посебни одделенија и со усвојување на најнови прописи. Па сепак, што и да биде истурено од каналите на националните фреквенции, преку таблоидите или од устите на рента-аналитичарите, нема да биде возможно да се побие фактот дека нашето „царство е оголено“, но и дека таа голотија никому не му пружа пријатна глетка. Порано или подоцна, ќе дојде до болно соочување со последиците од фактот дека за жал, сосема оправдано, сме означени како земја која има сериозен недостаток на уште една од основните цивилизациски придобивки – уредување на општеството според закон, а не според владеењето на оној кој има боздоган.

Кој на крајот ќе има штета од ваквата состојба? Политичарите, директно, сосема сигурно не. Недостигот од контролори во вид на правосудство и строго почитување на законот, краткорочно гледано, ним отсекогаш им било од корист. Нивните зделки, задкулисни игри, меѓусебните пресметки и богатења во вакви услови и понатаму ќе се одвиваат непречено. Старите и новите заштитници во врвовите на правосудството ќе овозможат одвивање на играта по правилата кои ги испишаа со победата на изборите.

Меѓутоа, и другата страна од оваа равенка е еднакво извесна. Во вака скроено општество, и понатаму ќе патат граѓаните. Повеќето од нив ќе продолжат да живеат на раб на егзистенција, ќе се возат по распаднати патишта и ќе се лечат по трошни болници, но и тоа само ако успеат да обезбедат лекови и гази.

И ќе станува сѐ полошо, затоа што историјата нѐ учи дека ниедно беззаконие не престанува само од себе. Ваквата состојба ќе трае сѐ додека не почнеме да учиме од искуствата на општествата што тргнале по тој пат долго пред нас, и додека не ја сфатиме причинско-последичната врска од почетокот на оваа приказна. Владеењето на правото, слободното обвинителство и независното судство се најдиректно одговорни за економски просперитет, за чист воздух и за подобра здравствена заштита. Дури ако и кога ќе го сфатиме тоа еднаш засекогаш, толку очекуваните промени во општеството ќе почнат постепено да се одвиваат.

 

Миодраг Мајиќ, судија во Апелациониот суд во Белград

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.