Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Или Мањани, Тирана: Владеење на правото или владеење со закон?

0
By Нова ТВ on March 30, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 30, 2021 09:06

Пишува: Или Манјани

Дискусијата за тоа колку е праведен законот во Албанија е луксуз во денешно време. Парламентот, кој нема никаква политичка рамнотежа, донесува закони според волјата на еднопартиската влада. Но, и во минатото, кога владата не се состоеше само од една партија, Парламентот одобри 90% од предметите предложени од владата.

Само оваa статистичкa забелешка за тоа како владата го диктира законот е доволна за некој да разбере дека во Албанија не постои владеење на правото, но се управува според законот. Доколку законите се спроведуваат како што се напишани на хартија. Всушност, спроведувањето на законите е многу дискутабилно, но еве, да го разгледуваме како да се врши со 100% прецизност.

Да продолжиме понатаму, правичноста на законите е прашање што ја допира суштината на владеењето на правото во земјата. Дали законите се фер? Дали тие се одраз на општеството, или едноставно се волја на политичкото мнозинство што владее со владата и парламентот?

Од гледна точка на далечен набљудувач, може да се заклучи дека законите не доаѓаат како потреба на општеството за регулирање, туку како лекција што политиката му ја држи на општеството. Овие два моменти не се иста работа.

Добро, не е задача на општеството да донесува закони, но колку предлог-закони беа подготвени во консултација со општеството?! Многу малку, да не речам ниеден. Граѓаните ретко се вклучени во изготвувањето закони.

Јасно е дека законите ги диктираат и подготвуваат оние што имаат мнозинство во политиката. Кога мнозинството е еднопартиско, законите ја одразуваат волјата на партијата.

Оттука, судејќи според квалитетот, тоа претставува владеење на моќта, а не на правото. Моќта владее според законите што таа самата ги диктира. Законот, во овој случај, не е правилен, туку едноставно начин на владеење.

На овој начин Парламентот станува јавен нотар по волја на владата, и со тоа ја губи својата функција како претставник на граѓаните.

Последните неколку години има повеќе индивидуални закони. Законите за индивидуални договори за концесија и други закони кои не влијаат врз сите подеднакво, но избегнуваат примена на постојните норми за индивидуални цели – станаа многу чести. Владата издава и акти со кои се избегнува спроведувањето на нормативните закони.

Оваа практика ја прави Aлбанија дуална земја (според концептот на Ернст Френкел). Од едната страна има норми што треба да бидат исти за сите, додека од друга страна државата ги избегнува овие норми со донесување специфични или вонредни закони. Специфичните закони ги заобиколуваат нормативните закони на земјата.

Прашањето за посебни закони или специјални мерки е линијата што го дели владеењето на правото како дел од демократскиот систем и владеењето според законот, каде секоја автократија и диктатура наоѓа оправдувања.

Затоа, правилото според законот што го диктира моќта го тера општеството да живее под власта на моќта. Во овој случај, законот и моќта се иста работа. Тие се алатки во рацете на владетелот, а не инструменти за регулирање на демократијата.

Кога нема владеење на правото, туку се управува според законот, општеството живее во нееднаквост и дискриминација. И двете се диктирани од законот на моќта кој, за да може да владее, ги дели луѓето во политички поддржувачи и противници. Вторите, исто така, се поделени на оние што можат да бидат „купени“ и оние што моќта не може да ги „купи“. Законот многу често се спроведува за политичките противници на моќта, но не и за приврзаниците на моќта, дури и кога ги кршат законите. Овој синдром е многу чест.

Независното судство требаше да ги третира овие симптоми, но наместо тоа, како да не постоеше, а во моментите кога постоеше, застануваше на страна на моќта.

 

Или Манјани има широко искуство во јавната администрација, во меѓународни организации и правни истражувачки институции.

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.