НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Резиденции за книжевни преведувачи од македонски јазик

0
By Нова ТВ on April 4, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) организира резиденција за литературнит преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија.

Конкурсот за пријавување е отворен до 30 април 2021 година. „Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија.

Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори на културниот дијалог, оваа програма обезбедува меѓународна мобилност и професионален развој на литературните преведувачи.

Од „Готен“ посочуваат дека во рамки на резиденцијалниот престој, преведувачите ќе имаат можност да работат на книжевен превод, одблиску да го запознаат оригиналниот јазик, да продолжат да го истражуваат, како и да ја зголемат својата видливост преку поврзување со локалната литературна сцена и претставување на својата активност пред публиката.

Во рамки на програмата можат да се пријават литературни преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија.

За време на резиденцијалниот престој, од преведувачите се очекува интензивно да работат на литературниот превод со кој аплицирале за програмата, да учествуваат во настаните или активностите на организацијата што ја организира резиденцијата и да соработуваат со колегите од книжевната сцена.

Издавачката куќа „Готен“ нуди бесплатно сместување, покривање на патните трошоци и месечна стипендија за покривање на трошоците за живот во висина од 800 евра (бруто износ).

Апликациите за резиденциите кои ќе се реализираат во периодот меѓу мај и декември 2021 година треба да бидат испратени најдоцна до 30 април 2021 година. Апликациите за резиденциите во Скопје се праќаат на следната електронска адреса: contact@gotenpublishing.com.

Кандидатите треба да испратат писмо на интерес во кое се објаснети причините за нивното конкурирање за резиденцијата (не подолго од 1 страница), опис на книжевниот превод на кој ќе работат (не подолг од 1 страница) и CV.

Апликациите можат да бидат напишани на англиски и македонски јазик.

Управниот одбор на проектот „Превод во движење“ ќе изврши избор од пристигнатите апликации, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 15 мај 2021 година.

За Скопје во 2021 година се планирани 2 резиденции, а за 2022 година 3 резиденции. В

о контекст на состојбата со КОВИД-19, сите датуми за резиденцијален престој се условни и ќе зависат од укинувањето на ограничувањата за меѓународни патувања и состојбата во нашата земја. Издавачката куќа „Готен“ ќе осигури дека се преземени сите заштитни мерки, во согласност со упатства на официјалните институции.

„Превод во движење“ (Translation in motion) заеднички проект фокусиран на резиденцијални престои за преведувачи финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.