НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вјоса Османи е нова претседателка на Косово

0
By Нова ТВ on April 4, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вјоса Османи е нова претседателка на Република Косово, откако вечерва за нејзиниот избор гласаа мнозинството пратеници во републичкото Собрание, јави дописникот на МИА од Приштина.

Досегашната пратеничка, а поранешна собраниска спикерка на Собранието и вршителка на должноста претседателка на државата, 39-годишната правничка Османи, го доби петгодишниот мандат на чело на државата во третиот круг на гласање, откако за неа гласаа 72 пратеници. Неважечки беа 11 гласачки ливчиња, додека противкандидатот на Османи, Насуф Бејта не освои ниту еден глас.

По првите два круга гласање ниеден од двајцата кандидати за претседател на Косово не ги доби потребните две третини од гласови на републичките пратеници за да биде избран, така што се одржа и третиот круг гласање, во кој, за да биде избран, на еден кандидат му беше потребно просто мнозинство од 61 глас.

Обајцата кандидати за нов шеф на државата се предложени од редовите на владејачкото Движење самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, со тоа што Бејта, како што и самиот имплицира во изјави за медиумите, учествуваше формално, колку да се запази формалната процедура.

Во првиот круг гласаа 81 пратеник, Османи доби 69 гласа, Бејта ниту еден, а 12 гласачки ливчиња беа неважечки. Во вториот круг, во кој гласаа 82 пратеници, Османи освои 67, Бејта 4 гласа, а 11 ливчиња беа неважечки.

Според Уставот на Косово, за да биде избран за претседател на државата, за еден кандидат треба да гласаат две третини, односно 80 од пратениците во 120-членото Собрание. Доколку во првите два круга ниеден од кандидатите не ги добие потребните гласови, во третиот круг се избира кандидатот што ќе освои 61 глас, но под услов да гласале најмалку 80 пратеници. Доколку и во третиот обид не се избере претседател на државата, Собранието се самораспушта и се закажуваат нови парламентарни избори, кои треба да се одржат во рок од 80 дена.

Денешната седница беше продолжение на вчерашната, кога во првиот круг, во два обиди не беа обезбедени 80 гласа, односно гласаа 78 првиот пат и 79 вториот пат.

Од синоќа до пред почетокот на денешното гласање, на парламентарното мнозинство, кое го сочинуваат 58 пратеници на ВВ и осум од партиите на немнозинските заедници, како и на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, чии 12 (од вкупно 15) пратеници гласаа со цел да се обезбеди потребниот форум, му се приклучија уште четворица пратеници – уште двајца од немнозинските заедници и по еден од опозициските Демократска партија на Косово и Алијанса за иднината на Косово.

Откако положи заклетва и по изведувањето на косовската химна, Османи од собраниската говорница ѝ се обрати на јавноста при што, меѓу другото, ги повика сите политички фактори да ѝ се приклучат во напорите за натамошно градење на демократска држава.

Османи порача дека ќе ја продолжи и досегашната практика на градење добрососедски односи, но најави дека од новата позиција нема да престане да бара правда за жртвите од војната со Србија во 1998-99 година и казна за сторителите на геноцидот и злосторствата против цивилното население во Косово.

Таа вети дека ќе биде претседател на сите граѓани и обединувачки фактор на сите во државата и изрази надеж дека ќе има успешна и конструктивна соработка со извршната и законодавната власт, како и со сите фактори, со цел натамошно јакнење на косовската државност.

Вјоса Османи е петта претседателка на Косово од осамостојувањето на државата. Пред неа на чело на државата беа Ибрахим Ругова, Фатмир Сејдиу, Атифете Јахјага и Хашим Тачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.