НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачев: И по изборите политиката кон Македонија останува иста

0
By Нова ТВ on April 6, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборниот резултат нема да донесе ништо ново во политиките кон Македонија бидејќи без разлика кој и да формира влада ГЕРБ, Слави Трифонов или БСП,  ставовите се исти по однос на ова прашање, вели  бугарскиот европратеник од партијата на Бојко Борисов, Андреј Ковачев.

Тој во изјава за порталот МКД.мк вели дека не разбира зошто некој во Скопје очекува дека изборите во Бугарија ќе имаат некакво значење.

Според Ковачев Договорот меѓу двете земји постигнат во 2017 година треба да се исполнува, особено, како што вели, „во делот на заедничката историја на еден ист народ кој бил разделен на сила“, а заедничката Комисија треба да си работи на пеглање на ставовите.

– Не треба да има омраза, треба да соработуваме, да си помагаме, да се отстранат некои делови од учебниците кои биле ставени во времето на комунизмот, како во Бугарија така и во Македонија“, додава бугарскиот европратеник.

Според него, меѓувладината конференција којашто се очекуваше и се најавуваше нема да може да се одржи додека не се формира нова влада, а кога ќе се случи тоа никој не може во моментов да предвиди. Ако има нови избори во Бугарија, како една од варијантите, сигурно ќе дојде септември, октомври или подоцна, но сега никој ниту знае, ниту може да се каже.

Сепак, Ковачев вели дека ако се исполнува Договорот и ако „има разбирање“ за заедничката историја не е важно дали е сегашната влада (која функционира до изборот на нова) тогаш може „уште утре сѐ да биде готово и Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“.

– Одговорот е во Скопје, дали југоносталгијата кон Тито и омразата кон Бугарија е толку важна за Македонија за да може да се одолее на македонската европска перспектива“, додава Ковачев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.