Таткото и синот Вил и Џејден Смит се големите победници на годишните Малина (Razzie) награди- за најлоши филмски остваруавња, со освојување на три награди за нивниот филм After Earth.
Џејден, 15, ја доби статуетката за најлош актер, додека неговиот познат татко ја освои за споредна машка улога.
И двајцата беа, исто така, се прогласени за најлош филмски комбо.
“Тоа е стара Холивудска традиција дека некој кој е ѕвезда се обидува да ги направи членовите на семејството исто така ѕвезди и понекогаш тоа функционира, а понекогаш не”, изјави за БиБиСи основачот на Малините, Џон Вилсон .
Најлошиот филм е 43, комедија антологија, со ансамбл полн со ѕвезди, вклучувајќи ги Кејт Винслет, Хју Џекмен и Хали Бери.
Опишан од страна на еден критичар како “Граѓанинот Кејн на ужасот”, филмот, исто така, ја доби наградата за најлошо сценарио (напишано од најмалку 19 луѓе) и најлош режисер (кредитот паѓа дури на 13 луѓе).
Вилсон вели: “Тоа е невкусно, тоа е глупаво, тоа е навредливо и тоа е сексистички”.
Тајлер Пери беше именувана за најлоша актерка за A Madea Christmas, додека Ким Кардашијан е најлоша споредна актерка во Temptation.
The Lone Ranger, во кој игра Џони Деп како Тонто, беше избран за најлошиот римејк или продолжение.
Извор: Би-Би-Си