Историската драма “12 години ропство”, приказната за Соломон Нортап, слободниот Афроамериканец кој беше киднапиран и продаден во ропство, освои само три награди, но тие сите беа главни: најдобар филм, најдобра споредна женска улога Лупита Нујонго и најдобро адаптирано сценарио за Џон Ридли.
“Секој заслужува не само за да преживее, но да живее. Ова е најважното наследство на Соломон Нортап”, рече режисерот Стив Меквин, на примањето на наградата.
Тој додаде: “Ова е за сите луѓе кои имаат преживеано ропство и 21 милиони луѓе кои се уште го трпат ропството денес.”
Филмот за вселената, “Гравитација”- доби 7 оскари, 6 за техничко достигнување Оскар за најдобар режисер- Алфонсо Куарон, кој е прв Латиноамериканец кој добива Оскар. Веќе втора година по ред Оскарот се дава на различни категории, кога станува збор за режисер и за најдобар филм.
Оскарот го доби Кејт Бланшет за најдобра актерка за филмот „Тажната Џасмин“ на Вуди Ален, кој беше номиниран за овој филм за сценарио.
Таа им оддаде признание на актерките кои беа номинирани- Џуди Денч, Сандра Булок, Мерил Стрип и Ејми Адамс, потенцирајќи дека има се уште женски улоги кои се во фокусот на еден филм и тие заработуваат пари, изјава со која им се обрати на Холивудските моќници.
Метју Меконахи доби Оскар за најдобар актер за неговата улога во филмот „Клубот на купувачи од Далас“, Лупита Нујонго за споредна актерка.
Џеред Лето доби Оскар за најдобар спореден актер за улога во филмот „Клубот на купувачи од Далас“, каде игра трансџендер жена.
Оскар за странски филм: италијанскиот- “Големата убавина”.
Најдобра песна- “Let It Go” во “Замрзнат”.
Селфи на Оскарите