НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија vs. Украина: Доколку избие војна украинската војска премала за руската

0
By Нова ТВ on March 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку ескалира полнправна војна, војската на Украина би била потисната од северниот сосед. Според „Europa World“, во 2012 година, активната руска војска броела 845.000 против 130.000 на Украина.

Буџетот за одбрана на Русија во 2012, бил огромен, 78 милијарди долари во однос на украинскиот, 1.6 милијарди.

Според напис објавен во 2011 година во кој анализира еден воен експерт, тој потенцирал дека Украина би се нашла една деценија во „дефанзивен вакуум“ доколку инвестициите во војската не бидат променети.

„Нулто ниво на прогрес“, вели Валентин Бадрак, експерт во сферата на националната безбедност и одбрана, за „Nezavisimaya Gazeta“ весникот.

Како што е истакнато во студија од 2010 година, Владата тврдела дека нема потреба за голема војска, бидејќи најголемите закани за Украина не доаѓале однадвор туку од внатрешната политичка дестабилизација.

Според статистиката на ЦИА, Украина има 15.7 милиони мажи и жени на возраст од 16 до 49 години, подготвени за служба во војската. За разлика од Украина, Русија има 45.6 милиони речиси на иста возраст. Токму овие бројки, можеби беа во главата на актуелниот министер за одбрана на Украина, Ихор Тенју во неделата, откако во затворена сесија во Парламентот, изјавил дека неговата земја нема доволно војска да и се спротистави на Русија.

Според изворите кои го пренесоа неговото обраќање, Тенју повикал на дипломатско решавање на кризата со Русија.

Инаку, во денешното соопштение што го издаде Белата куќа, во име на сите лидери на Г7, како и на претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија се наведува дека акцијата на Москва е јасно кршење на принципите и вредностите врз кои оперираат Групата 7 и Групата 8.

Во меѓувреме, заменикот на украинскиот премиер, Виталиј Јарем, најави дека границата помеѓу Украина и Русија би можела да се затвори во блиска иднина, откако руските трупи во текот на изминатата ноќ заземале украинска воена едини и воспоставиле контрола врз еден од аеродромите во Крим.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.