Во среда, 5 март, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе
биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, еден од бисерите на балетската класика.
„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.
Во улогата на Ротбарт, Игор Веланоски. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.