Скопје бележи тренд на намалување на загаденоста на воздугот, а граѓаните изминатите пет години дишат почист воздух. Барем тоа го покажуваат последните податоци објавени од страна на Министерството за животна средина од каде велат дека просечното годишно ниво на ПМ10 честичките покажува дека во Скопје последните 5 годни вредностите на загаденост се намалени од 71,3 на 47,7.
Во јануари пак кој важи за еден од најзагадените месеци во годината максималната среднодневна вреднсот на ПМ 10 честичките од 560 во 2015 е опадната на 162 со тренд на постојано намалување низ годините.
Експертите велат дека значајно е што овие бројки покажуваат тренд на намалување, а не инцидентно намалување што кога ќе се спореди со метеоролошките прилики се гледа дека средната брзина на ветерот била константна низ годините но сепак недостасува колку често имало ветер кој е можеби најзначајната алка за скопјани да дишат чист воздух.
Според светската оргазниација „Ај Кју Аир“, Скопје е сега на 380 место во групата на умерено загадени градови во светот.
Трендот на намалување на загаденоста треба да продолжи и во иднина а засилените инспекциски контроли, расчистувањето на дивите депонии, пријавувањето на палење оган на отворено на телефонскиот број 193 како и се помасовното возење велосипеди за сите да дишеме почист воздух, треба да продолжи со уште позасилена динамика.