Новата влада ќе ја состави второпласираната партија на изборите во Бугарија „Има такви луѓе“ предводена од Слави Трифонов и таа ќе добие широка поддршка од сите парламентарни сили, прогнозира професорот Михаил Константинов, кој е шеф на државната агенција „Информативни услуги“.
Според него, таквата влада би можела да има многу сериозна поддршка, потсетувајќи на времето пред 1989 година, кога БКП беше единствената партија во Бугарија. Според него на Бугарија сега и треба стабилно управување бидејќи „земјата е во војна“, мислејќи на пандемијата на Ковид-19 и евентуалниот конфликт во Украина, кој не би бил мал за црноморскиот регион, во кој Бугарија е важен елемент.
Во однос на тоа дали во Бугарија ќе се одржат предвремени избори во текот на летото, професорот Константинов истакна дека тоа би претставувало „лудост и неодговорност“, додавајќи дека на Бугарија и е потребно стабилно раководство.
Професорот Константинов предвидува можна војна во Украина, која нема да биде мала, за што Бугарија, како членка на НАТО, мора да биде подготвена.