Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска го потпиша указот за свикување на првото заседание на новото 45-то Национално собрание на Бугарија.
Според документот тоа за прв пат треба да заседава на 15 април 2021 година, соопшти прес-службата на шефот на државата..
Указот се очекува утре да биде објавен во вонредно издание на Службен весник.
Денеска Службен весник ги објави имињата на пратениците и нивната политичка припадност во 45-тото Национално собрание, што беше клучно за бугарскиот претседател да го издаде декретот за свикување на новоизбраниот парламент.