Откако стана јасно, а и самиот изјави дека нема да седне на премиерската фотелја како предлог на победничката ГЕРБ, Бојко Борисов најави дека партијата ќе предложи ново име кое како што најави ќе биде кандидат за премиер со проевропска и про – НАТО ориентација.
Денеска софиски „24 часа“ повикувајќи се на партиски извори пренесува дека новото име кое ќе го предложи ГЕРБ е Даниел Митов.
Според описот на Борисов токму Митов, кој во Министерството за надворешни работи влезе како човек на Реформаторскиот блок, како министер поддржуваше таква ориентација.
Даниел Митов на 6 август 2014 година беше предложен од тогашниот претседател Росен Плевнелиев за министер за надворешни работи во техничката влада на Георги Близнашки.
Својата позиција како заменик министер ја задржа и во вториот кабинет на Борисов, а притоа му се приклучи на ГЕРБ и стана пратеник од неговите редови на последните парламентарни избори.