Белата куќа денеска извести дека американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпишал указот со новите санкции што земјата има намера да ги спроведе кон шест руски компании, за кои Вашингтон смета дека се одговорни за изведување на кибер напади.
„Вашингтон пост“ повикувајќи се на извори од американската администрација пишува дека САД ќе протераат и 10 руски разузнавачи кои во земјата работат со дипломатско покритие.
Покрај тоа, САД им забранија на своите компании директно да купуваат руски хартии од вредност издадени од Централната банка, Националниот фонд или руското Министерство за финансии.
Американското Министерството за финансии веќе воведе санкции за 16 организации и 16 лица, наводно, поврзани со мешањето на Русија во изборите во САД во 2016 година.
Санкциите на САД се поддржани од ЕУ и НАТО, но тие не планираат да воведат свои ограничувања, се вели во текстот на „Вашингтон пост“.