НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Деновите на македонската книга во Москва претставена „Послание. Поезија на Блаже Конески на руски”

0
By Нова ТВ on April 19, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Деновите на македонската книга што се одржаа во Московскиот дом на националностите во рамки на проектот „Читаj jа Македониjа!”, иницијаторот на проектот Олга Панкина ја претстави книгата „Послание. Поезија на Блаже Конески на руски”. Ја најави и новата поетска збирка „100 песни на Блаже Конески во препев на руски” коjа се подготвува токму за јубилејот на поетот.

Годинава проектот „Читаj jа Македонија!” има задача да придонесе кон афирмацијата на Северна Македонија во светот низ книжевните остварувања (претставени на македонски jазик и во превод на руски) на големиот македонски културен деец Блаже Конески по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

-Читателската публика беше запозната со наjновите изданиjа на Центарот за книга „Рудомино” и издавачката куќа “У Никитских ворот” – книги од македонски автори обjавени во превод на руски: Давор Стојановски “Собирачи на пепелот” (роман), Гане Тодоровски “Македонски монолог” (поезија), Тоде Блаже Ристовски “Не сум виновен за ништо” (хуморески), Влада Урошевиќ “Маџун” (роман), Мирјана Тренчева “Патот за Итака” (поема), Гоце Смилевски “Разговор со Спиноза” (роман) – Москва, 2019; Лилjана Пандева “Доилката” (роман), Влада Урошевиќ “Барајте го гавранот” / “Дива лига” (роман) – Москва, 2020, Драгица Најческа “Друга мајка” (роман) – Москва, 2021, информира во соопштение Панкина.

Промовираните книги се подарени на Московскиот дом на националностите.

Манифестацијата „Читај ја Македонија“ е поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.