НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Норвешкиот научник, кој ја поврза „Астра Зенека“ со крвните згрутчувања, добивал пари од „Фајзер“

0
By Нова ТВ on April 20, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Норвешкиот научник Пал Андре Холме, кој го предводеше истражувањето за нуспојавите на вакцината против ковид-19 на „Астра Зенека“, од компанијата „Фајзер“ во последните пет години примил околу еден милион норвешки круни (околу 100 000 евра).

Тој и неговиот тим се прославија по утврдувањето на врската меѓу вакцината на „Астра Зенека“ и појавувањето тромбови. Но, она што ја разбранува норвешката јавност е што Холме во извештајот не споменува дека имал директна соработка со конкуренцијата на „Астра Зенека“, пренесува 360степени.

Холме признава дека требало да биде потранспарентен во однос на финансирањето, но отфрла судир на интереси и тврди дека парите што ги добил биле наменети за предавања на меѓународни и домашни конгреси, обуки и за патни трошоци.

Пал Андре Холме е главен лекар на Одделот за крвни болести на Универзитетската болница во Осло и професор на Универзитетот во Осло. Тој ја предводеше клиничката студија во која е утврдено дека смртните случаи од згрутчување на крвта кај тројца здравствени работници во Норвешка е поради вакцината на „Астра Зенека“.

Како што појаснуваат норвешките медиуми, научниците што објавуваат студии во реномирани магазини како медицинското специјализирано списание, „Њу Ингланд“ (НЕЈМ) мора да следат одредени етички правила. Едно од тие правила е да ги наведат сите партнери што ги имале и може да бидат релевантни за студијата и сите финансиски примања што ги добиле и може да остават впечаток за конфликт на интерес.

Во тој документ Холме одговорил негативно на прашањето дали примил пари од релевантни компании во последните 36 месеци, а негативно одговорил и на прашањето дали има некакви врски кои би можеле да предизвикаат сомнеж за судир на интереси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.