Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во првата половина од мај ќе се потпише финалниот договор за гасоводниот интерконектор со Грција

0
By Нова ТВ on April 21, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 21, 2021 19:48

Во првата половина на мај делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, во која ќе биде и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе бидат во Грција каде што ќе го потпишат финалниот договор за преземање на обврски од страна на двете држави за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на нашата држава, со што ќе се овозможи поврзување на гасоводите од двете земји.

-Во првиот дел на мај, како Министерство за економија заедно во делегација со претседателот на Владата, Зоран Заев ќе бидеме во Грција каде што ќе го потпишеме финалниот договор за превземање на обврски и од нашата држава и од нашиот сосед Грција за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на нашата држава каде што на некаков си начин ќе подолжимево нашата намера за диверзификација на снабдување со природен гас и енергетски ресурси, што не само што ќе отвори нови работни места, но дополнително на тоа ќе придонесе и во намалување на цената во делот на енергетиката, рече Бектеши на денешната дискусија за националната подготовка на Конференцијата СОР 26 во Глазгов.

Во делот на гасификацијата освен интерконекторот, како што нагласи министерот за економија, веќе се донесени одлуките да бидеме дел и од терминалот Александропулос, но и во делот на изградба на гасната централа.

-Ова дополнително ќе влијае на сигурноста со снабдување со енергија во нашата држава, но и во делот на диверзификација. Нашата држава директно ќе има право и ќе има можност да користи „еленџи“ гас освен другиот природен гас што го користи преку различни интерконектори и гасоводни мрежи, рече Бектеши.

Во различни општини се имплементираат различни модели на снабдување со енергија во однос на енергетската ефикасност.

Министерството за економија целосно го поддржува сценариото што се однесува на целосно зелена трансформација и за тоа е изготвен план со рокови.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи на ревидираниот Национален придонес кон договорот од Париз за клима, со којшто нашата земја ја постави целта во 2030 година да ја постигне целта за 51 отсто намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година односно 82 отсто редукција на нето мисиите. Утврден е и патоказот за ниско јаглероден развој.

-Овој стратешки документ претставува нов поамбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран на ублажувањето на климатските нпромени, рече Нуредини.

Како што потенцира, со ова нашата земја изрази јасна намера зеленото сценарио од стратегијата за развој на енергетика, да се развива врз принципите на циркуларната економија, да имплементира мерки за одржливо управување со природните ресурси и заштита на животна средина.

Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри истакна дека Италија е целосно посветена кон оваа цел и изрази задоволство што во ЕУ е постигнат договор со што нашата обврска за климатска неутралност ќе се претвори во сериозна обврска, што ќе биде срж на Зелениот договор.

-Имаме финансии за закрепнување од пандемијата и тие треба да бидат насочени и кон усвојување на политики за животната средина и климатските промени. Сакаме да основаме и ново Министерство за еколошка транзиција затоа што токму таа транзиција ќе биде клучна за нашата држава, рече амбасадорото Силвестри наведувајќи дека на оваа транзиција во Италија не се гледа како на трошок туку како можност.

Во дискусијата претходно се вклучија и вицепремиерот за координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорките на САД, Кејт Мери Брнз и на Обединето Кралство Рејчел Галовеј.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.