НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Паркингот кај Холидеј Ин не е трајно решение, ќе се гради според закон, поголем дел ќе биде зеленило

0
By Нова ТВ on April 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Урбанистичкото планирање и градење согласно законите е клучно, како и важноста за усогласеноста на деталниот урбанистички план со генералниот, што веќе е потврдено, изјави премиерот Зоран Заев за пацелата кај Холидеј Ин на која планирано е да се градат три објекти и за што изминатиот период имаше голем број реакции во јавноста.

Според Заев Скопје треба да продолжи да се гради но со усул, односно мегаломанските проекти треба да бидат скратени, скротени и нормализирани.

– Сивилото на цементираното паркиралиште не е трајно решение за Холидеј ин, но не е решение и шеесеткатница. Затоа усогласеноста на ГУП-от со ДУП-от е важна работа и тоа е потврдено. Правото согласно Устав и Закон не може никој да го спречи, односно тој што ќе го спречи на крајот треба општината или државата да плати, а веќе имаме плаќано штети од по 6 милиони и 8.5 милиони евра од минати постапки,  изјави Заев.

Премиерот истакна дека според конкретниот проект, повеќе од половина од парцелата којашто е во постапка за одобрение за градба е предвидено да биде зелена површина, односно од планираните 12.000 метри квадратни, дури 6.500 се планирани да бидат зеленило.

– Ова е значително поголема површина од законски предвидениот минимум кој изнесува 20 проценти, објасни тој, додавајќи дека со новиот Закон за урбанистичко планирање не се дозволува паркинг надвор од парцелата, што дополнително го скротува „мегаломанството“ на самата градба, вели премиерот.

Според него доколку се исполнети сите законски услови за реализација, а некој надвор од законот се обиде истата да ја спречи, треба да обезбеди средства за надомест.

– Доколку на конкретно место кадешто има објект – куќа, зграда или фабрика, некој сака да изгради парк, и доколку соодветните органи или во конкретниот случај Советот на Општина Центар одлучи така, треба да обезбедат пари да го платат тоа и да го направат паркот. Во случај тоа да не се реализира, треба да дадат планот да се развие, односно да ја исполни целта на постоењето, вели Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.