НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Дигитализацијата на учебниците не е тренд, тоа е реална потреба

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Учениците имаат потреба од современи алатки. Дали ние треба да зборуваме за дигитализација кога целиот свет веќе ја користи неа“, вели министерката за образование, Мила Царовска, во врска со дигитализација во училиштата низ Македонија.

Според неа, дигитализацијата на учебниците не е тренд, тоа е потреба и се случува во целиот регион.

„Дали како држава покажавме дека само за еден месец успеавме да трансформираме наставата да се одвива дигитално. Не се знае со какви предизвици ќе се справуваме за три или пет години. Ако ги погледнете анкетите, ќе видите дека нашите деца и ученици не сакаат да одат на училиште и не им е интересно. Тие сакаат анимација, нешто што ќе ги возбуди, а тоа ќе го направиме со дигиталната форма. Ги повикувам родителите да бидат информирани, да не подлегнуваат на партиски ботови и да ги следат соопштенијата на МОН“, потенцира Царовска и додава дека секој ученик ќе добие хартиена форма, дигитална и брајово писмо, што ќе биде новитет.

„Не се укинати сите учебници. Се надевам дека дигиталната форма ќе даде резултати, а ако никој не е задоволен после 4-тото одделение, можеме да размислуваме да се вратиме на хартиената форма. Новата концепција предвидува учење на училиште, а домашната задача да биде само 20 минути пишување. Дигиталниот учебник е стимулација, не е само директно учење“, истакна министерката.

Во однос на стартот на идната учебна година и за тоа како ќе биде организирана наставата министерката Царовска нагласи да не се верува на секакви шпекулации и дека тој ќе зависи од епидемиолошката состојба во земјава. И во наредната учебна година министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека ќе се оди со безбеден пристап, а кој и каков ќе биде ќе зависи и од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.