НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска меѓу трите гувернерки од светот коишто успешно се справуваат со актуелната криза

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг“, од седумнаесет гувернерки во светот издвои три, кои и покрај големите предизвици со коишто се соочуваат, успешно се справуваат со кризата при остварувањето на централнобанкарските цели и задачи – одржување на ценовната стабилност, стабилноста на курсот на домашната валута и финансиската стабилност. Меѓу трите издвоени жени-гувернери е гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, а покрај неа се и гувернерките на централните банки на Русија и Србија – Елвира Набиулина и Јоргованка Табаковиќ.

Во анализата на „Централ бенкинг“ во однос на нашата земја е напоменато дека банките и покрај макроекономските и системски предизвици во текот на минатата година, останаа ликвидни, доволно капитализирани и профитабилни, а нефункционалните кредити се сведоа на историски најниско ниво, додека депозитите продолжија да растат.

– Во споредба со 2008 година, сега, наместо затегнување на монетарната политика, за да се избегне забавување на кредитирањето, централната банка ја намали каматната стапка, инјектираше ликвидност во банкарскиот систем, ги намали резервациите на банките за кредитирањето за секторите погодени од кризата и со регулаторни промени овозможи полесно одложување на наплатата на кредитите на корисниците на кредити засегнати од кризата. Банките сочинуваат 82 отсто од финансискиот систем и се од клучно значење за преносот на политиките на целиот финансиски систем, наведуваат од „Централ бенкинг“.

Оценуваат дека минатата година, интервенциите на Народната банка помогнаа да се обезбеди неповолните движења на меѓународните финансиски пазари да не се пренесат на домашниот пазар во нашата земја.

– Во минатото, една од причините што Северна Македонија избегна потреси беше тоа што кредитирањето е претежно од домашни извори. Растот е побавен, но е постабилен и одржлив, стои во анализата.

Од „Централ бенкинг“ се осврнуваат и на биографијата на Ангеловска-Бежоска, и нејзините постигнувања преку работењето во ММФ и во Министерството за финансии. Притоа е напоменато дека доаѓањето на Ангеловска-Бежоска на позицијата гувернер е после долг процес на стекнување големо знаење, многу жртвување и стекнување на големо искуство во домашни и странски институции.

Во анализата се издвоени и тешките одлуки што морале да ги донесат гувернерките и институциите со кои тие раководат, а кои биле насочени кон одржување на стабилноста на финансискиот систем. Како карактеристични примери за ваков вид одлуки се посочени одлуките на Централната банка на Русија и гувернерката Набиулина кои заради заштитата на јавниот интерес, од 2013 година наваму имаат донесено одлуки за затворање на приближно половина од банките во рускиот банкарски систем. Исто така, како резултат на неисполнување на капиталните барања, гувернерката на централната банка на Србија, Табаковиќ, во 2018 година донела одлука за одземање на дозволата за работа на една од банките во Србија, а вкупно 19 банки во земјата се во стечајна постапка.

Податоците на „Централ бенкинг“ покажуваат дека на глобално ниво, жените ги заземаат мнозинството од високите позиции во само 10 отсто од централните банки. Меѓу нив, како позитивен пример, се издвојува и нашата централна банка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.