НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За пет месеци во светот употребени милијарда дози вакцини против коронавирусот

0
By Нова ТВ on April 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За помалку од пет месеци од почетокот на првите кампањи за масовна вакцинација, во декември 2020 година, ширум светот се употребени повеќе од милијарда дози вакцина против коронавирусот, преметаа француските медиуми.

Најмалку 1.002.938.540 дози се потрошени во 207 земји и територии на светот, според пресметката заснована на официјални извори.

Повеќе од половината од вкупната бројка (58 проценти) е потрошен во три земји: САД (225,6 милиони), Кина (216,1 милиони) и Индија (138,4 милиони). Но, во однос на популацијата, најуспешен е Израел, каде речиси 60 проценти од населението ги примило двете дози на вакцината.

Следат Велика Британија (49 проценти добија барем по една доза), Обединетите Арапски Емирати (повеќе од 51 процент), САД (42 проценти), Чиле (41 процент), Бахреин (38 проценти) и Уругвај ( 32 проценти).

Во Европската унија, 128 милиони дози примиле 21 процент од населението. Најгусто населените земји во Европската унија имаат европски просек – Франција 20,5 проценти, Германија 22,6 проценти, Италија 19,9 проценти и Шпанија 22,3 проценти, далеку зад Малта (47 проценти) и Унгарија (37 проценти).

Иако на 25 март, по четири месеци од почетокот на кампањите, беше употребена 500-милионитата доза, требаше помалку од еден месец за оваа бројка да се удвои.

Иако повеќето сиромашни земји почнаа со вакцинирање, најмногу благодарение на механизмот Ковакс (СЗО, Гави Алијансата и Коалицијата Цепи), Светската банка смета дека вакцинацијата е привилегија само на земјите со „високи доходи“, затоа што во нив живеат 16 проценти од човештвото, но добија 47 проценти од дозите употребени ширум светот.

Земјите со „ниски доходи“ досега добиле само 0,2 проценти од дозите.

Дванаесет земји од светот се уште не почнале со вакцинација – седум африкански (Танзанија, Мадагаскар, Буркина Фасо, Чад, Бурунди, Централноафриканска Република, Еритреја), три во Океанија (Вануату, Самоа, Кирибати), една во Азија (Северна Кореја) и една во Карибите (Хаити).

Вакцината „АстраЗенека“ и покрај полемиките, е најшироко употребена во светот и се користи во три четвртини од земјите и териториите кои спроведуваат кампањи за вакцинација (најмалку 156 од 207, или 75 проценти).

Таа е пред „Фајзер“/ „БиоНТек“ (во 91 земја или 44 проценти), „Модерна“ (во 46 земји или 22 проценти), „Синофарм“ (во 41 земја и територија или 20 проценти), „Спутник В“ (во 32 земји или 15 проценти) и „Синовик“ (во 21 земја или 10 проценти).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.