НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Колку помало толку почисто“ – кампања на Град Скопје за чисти излетнички места

0
By Нова ТВ on April 25, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во услови на значително зголемената посетеност на излетничките места, Град Скопје спроведува кампања „Колку помало, толку почисто“, со цел, како што велат, да направиме разлика и заеднички да придонесеме за почиста средина за нас и за нашите деца.

-Со затоплувањето на времето се зголемува и атрактивноста на популарните излетнички места во и околу Скопје. Градскиот парк, Водно и другите дестинации за прошетка на граѓаните стануваат омилени локации кои речиси секој викенд се преполни со посетители. Исто така, овој период, бидејќи не работат угостителските објекти, популарните скопски излетнички места се со значително зголемен број на посетители, а со тоа се зголемува и количеството на отпад на јавните отворени простори, наведуваат од Град Скопје.

Иако, сите локации се опремени со неопходниот број на корпи за отпад и редовно се чистат, сепак понекогаш поради големата фреквенција на посетители, тие корпи брзо се полнат, што резултира со отпад паднат и расфрлен околу веќе полните корпи, кој најчесто се состои од пластични шишиња, пластични чашки за сок или хартиени чаши за кафе.

-Пред да го фрлите, најпрво убаво исцедете го шишето или чашката што сте ја користеле. На овој начин корпите не се полнат со течности. Потоа, едноставно згмечете го и тогаш фрлете го во корпата за отпад. На овој начин, во корпата останува повеќе слободен простор што значи многу помалку отпад расфрлен околу неа. Само доколку заеднички ја подигнеме свеста за нашата околина, можеме да направиме разлика. Затоа, да бидеме совесни и одговорни и да го одржуваме Скопје чисто, апелираат од Град Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.