Барбара Стрејсенд годинава не е номинирана во ниедна категорија, но во својата кариера има освоено два Оскара, за најдобра актерка во филмот „Смешна девојак” од 1968 година и за најдобра песна „Evergreen” од филмот „Ѕвездата е родена” снимен во 1976 година.
„Како би вечерта која го слави филмскиот талент и музиката би можела да биде целосна без Барабра Стрејсенд?”, напишаа во изјавата продуцентите на свеченоста Крег Задан и Нил Мерон.
Покрај 70-годишната Барбара Стрејсенд на доделувањето на Оскарите ќе пее и младата британска пејачка Адел. Таа, според најавата на организаторите, ќе ја испее насловната композицијата од најновиот филм за Џејмс Бонд „Skyfall”.
Барбара Стрејсенд е една од ретките уметници кои ги добиле сите четири главни американски награди, односно Emmy, Grammy, Oscar и Tony.
Оскарите ќе бидат доделени на 24. февруари во холивудскиот „Dolby Theatre”, а за главни фаворити на најпрестижното признание за филм на година се сметаат на „Linocoln” во режија на Стивен Спилберг и „Argo” на Бен Афлек.