НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на дела од Денис Боувен по повод еден век од неговото раѓање

0
By Нова ТВ on April 27, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод стогодишнината од раѓањето на Денис Боувен (1921-2006), значајниот британски уметник и голем пријател на нашата земја, денеска, во Чифте амам, ќе биде отворена изложба на која ќе бидат претставени 40 негови дела. Поради мерките за заштита од Ковид – 19, на отворањето ќе присуствуваат неколкумина пријатели на Боувен.

Изложбата е во организација на Асоцијацијата за култура ИКОН и е подржана од Град Скопје.

Кон изложбата на британскиот автор, се посочува дека Денис Боувен со својата оригиналност и непосредност, со извонредното чувство за перцепција, уште во годините по Втората светска војна се ослободува од влијанијата на традицијата. Прави голем исчекор градејќи модерен начин на изразување и определувајќи се за апстракната уметност. XX век го смета за столетие на технолошки напредок што, како што се посочува, се одразува и во неговото сликарство преку употребата на нестандардни материјали.

Според организаторот на изложбата, тој беше наш културен амбасадор кој пишуваше за македонската ликовна сцена во Лондон, човек кој неуморно работеше на собирање на дела од британски автори за колекцијата на Музејот на современа уметност – Скопје.

-Боувен беше чест гостин на ликовните колонии во Струмица, Кичево, Крива Паланка, Охрид и зад себе остави стотина дела кои сега се во јавни и приватни колекции. Градот Скопје за неговата работа му ја додели наградата „13 Ноември“ во 2003 година, која не треба да се сфати само како награда за придонесот кој тој го има направено за нашиот град, туку и како македонска награда која му се доделува за пријателството со ликовните уметници, критичарите, поетите, но и со обичните луѓе од Северна Македонија, посочи претседателот на Асоцијацијата за култура – ИКОН, Климе Коробар во чијашто сопственост се делата на изложбата што публиката има ретка можност да ги види.

Денис Боувен е роден 1921 година во Кимберли, Јужна Африка. Студирал сликарство на Royal College of Art, а по 1940 година предавал во повеќе уметнички школи во Британија. Изложувал на големи национални и интернационални изложби и соработувал со уметнички списанија во Британија и во странство. Во 1954 година бил избран за член на Кралската академија на Камбрија.

Тој е еден од првите „ташистички“ сликари во Британијa; влијанијата од Париската школа, футуристите, Кандински и Макс Ернст, како и неговата опсесија со откривањето на просторот понатаму се развиваат во негов сопствен апстрактен стил. Во 1952 година, заедно со други уметници членови на Институтот за современа уметност, Боувен ја основа Групата на слободни сликари и скулптори.

Секогаш во центарот на новите идеи и техники и незадоволен од ограничувањата што ги наметнувале постојните галерии, Боувен и неговите колеги ја отвораат New Vision Centre Gallery во 1954 година како прва галерија посветена на апстрактната уметност. Во 1984 година, заедно со уметниците Џон Белани и Дерек Кули, Боувен ја основа „Celtic Vision“, претставувајќи ги современите уметници од келтскиот регион на Ирска, Шкотска, Велс, Корнвол, Британија и Галиција во северозападна Шпанија. Во 1997 година Боувен излага во Diorama Art Gallery во Лондон, заедно со Нино Спалоне, Пиндарос Михеладес и Стефан Корт, во чест на „COSMOPOLIS – Artists of the School of London“, изложба одржана во 1964 година во Whitworth Gallery во Манчестер.

Негови дела се наоѓаат во бројни јавни и приватни колекции ширум светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.