НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апел до граѓаните: Излезете да ја биете битката за подобри човекови права

0
By Влатко Чаловски on March 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Состојбата на човековите права и слободи во Македонија е лоша. Дискриминацијата и кршењето на овие права се масовни и сеприсутни во сите сфери. Работењето на терен покажа дека постои голем страв кај луѓето да проговорат за тоа што им се случува.

Ова е дел од извештајот на Цивил – Центар за слобода, во најновиот извештај во однос на состојбата со човековите права и слободи во Македонија, кој беше презентиран во паркот „Жена борец“ пред стотина граѓани и активисти за човекови права.

Претседателот на Цивил, Џабир Дерала посочи неколку препораки кои се издвоени во извештајот а според кои треба да се поправи ситуацијата во Македонија во однос на ова прашање.

– Забележлива е недовербата кај граѓаните и граѓанките во иституциите и убедеувањето дека тие што се на одговорни позиции настапуваат од позиција на моќ и се потполно неказниви и недопирливи. Институциите на локално и централно ниво се најодговорни за оваа состојба поради политизираноста од кои последица се погрешните политики и практики, рече Дерала, посочувајќи дека тоа што освен 2-3 пратеници од сите кои биле поканети директно да го подигнат извештајот, зборува за заинтересираноста кај политичарите за човековите права на граѓаните.

Активист Петрит Сарачини рече дека системот си наумил да ја тера својата работа, но дека без поддршка на граѓаните, борбата за подобро утре не може да успее.

– Луѓе, ние сме навистина изморени, не само од повторно констатирање на состојбите, туку сме изморени истите луѓе да ја биеме оваа битка за вас. Не можеме да ја биеме успешно ако не ни се приклучите…Нема чаре ако не излеземе сите и ако не застанеме зад чарето…Затоа граѓани, вклучете се во оваа игра, за да не не играат – порача Сарачини.

Јасмина Голубовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права рече дека состојбата е без подобрување.

– Се надевам дека ќе посакаме подобро утре за сите граѓани, зашто ништо не е поважно во државата од граѓаните, ниту партиите, ниту лидерите, ниту пратениците, никој не е побитен од граѓаните – рече во своето обраќање Голубовска.

Во извештајот пишува дека се регистрирани два случаи во кои се врши дискриминација по основ на возраст во Скопје и во Охрид, во кои на кандидати за вработување на над 40-годишна возраст им било кажано дека се престари за работа. Цивил констатира и дека постапките за прием на работно место се крајно проблематични, исплатата на личните доходи е често пати во готово, а граѓаните може да добијат отказ во кое било време без образложение и без особена причина.

Во графата за дискриминација врз основа на политичка афилијација пак, пишува дека во Скопје, Велес, Битола и Кавадарци присутно е т.н. етикетирање на тие родители кои само се поздравуваат или се во добри односи со „обележаните“ наставници, приврзаници или членови на опозициските партии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.