НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Буразер, Белград: Медиумите – пречка или шанса за заедништво во регионот?

0
By Нова ТВ on May 4, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Никола Буразер

Иако за Западен Балкан честопати се зборува како за единствен простор, факт е дека свеста за припадност кон заедничкиот регион не е доволно развиена. Иако земјите од регионот припаѓаат на заеднички културен простор и имаат слични проблеми и заеднички предизвици, Западен Балкан сè уште е политички концепт заснован на процесот на проширување на ЕУ, а не на идентитетот, географијата или демографијата. Дури, во рамките на доминантните националистички дискурси во државите на Западен Балкан, другите народи во регионот честопати се прикажуваат како непријатели и повеќе се доживуваат како закана отколку како пријателски соседи со кои треба да се гради подобра иднина.

Во моментов може да се каже дека националистичките наративи преовладуваат на Западен Балкан. Политичките елити во голема мера профитираат од ваквите наративи, префрлувајќи го фокусот на незадоволните граѓани од прашањата за квалитетот на животот, владеењето на правото и демократијата кон националните прашања, историските неправди и постојните етнички спорови. Во тоа во чекор ги следат медиумите, главно под повеќе или помалку политичка контрола, често ширејќи говор на омраза и поттикнувајќи национална и етничка нетрпеливост.

Медиумите се многу моќно оружје за градење нација, воспоставување доминантни дискурси во општеството и создавање перцепции за идентитетите и припадноста. Тие, според тоа, се моќна алатка за зајакнување на националистичките наративи, но и за нивно надминување и создавање на свест за единствен географски, културен и политички простор. Медиумската сцена на Западен Балкан е многу важен фактор што ќе влијае на тоа дали народите од регионот се перципираат едни со други како непријатели и закани или дали таквиот дискурс ќе биде надминат.

Во моментов може да се каже дека нема единствен медиумски простор на Западен Балкан и дека е мал бројот на вистински регионални медиуми. Вести од регионот, се разбира, можат да се најдат во голем број национални медиуми, но покрај преовладувачкиот националистички наратив, може да се каже и дека фокусот е главно на теми од значење за етничките сонародници. Јазичните разлики секако се една од пречките за создавање на регионални медиуми. Иако повеќето граѓани на Западен Балкан го разбираат српско-хрватскиот јазик, тоа не важи за Албанците во Албанија и на Косово, кои од друга страна зборуваат свој заеднички јазик. Значи, не постои еден заеднички јазик за целиот регион, а англискиот јазик, како лингва франка на денешницата, сепак не е разбирлив за повеќето граѓани и содржината на овој јазик не достигнува голема читателска публика.

Затоа, подоброто информирање на граѓаните од земјите од Западен Балкан едни за други ќе биде значаен предизвик. Нема лесно и едноставно решение, но може да се размисли за потенцијални начини за подобрување на ситуацијата. Еден од логичните одговори е да се создадат и зајакнат регионални медиуми и медиумски содржини со регионален фокус. Такви медиуми и проекти постојат и се добива впечаток дека имале доста успех во последните години. Другиот е, се разбира, систематска борба против дезинформациите и говорот на омраза во медиумите, кои честопати резултираат со зајакнување на етничката дистанца и националистичките наративи. Конечно и најважно, на регионот му требаат демократски држави и политички елити кои наместо да промовираат омраза, работат на решавање на реалните проблеми на граѓаните. Ваквото сценарио скоро природно би довело до создавање на свесност за заедничките проблеми во регионот, но и за големи шанси овие проблеми да се решат со заедничко дејствување. Меѓутоа, денеска сме многу далеку од тоа.

 

Никола Буразер, извршен директор на порталот European Western Balkans, кој се занимава со теми поврзани со интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.