Владата на Холандија соопшти денеска дека е прерано за дополнително ублажување на антиепидемиските мерки, затоа што и понатаму е висок бројот на нови кови пациенти во болниците и бројот на заболени во единиците за интензивна нега.
Владата најави дека во рок од една недела ќе донесе одлука дали да се одобри втората фаза за ублажување на рестриктивните мерки, која подразбира отворање на зоолошките градини, забаните паркови и одржување на културни манифестации на отворено, пренесе АП.