Јужноафрикански сој на вирусот СарсКов 2 не е детектиран кај 55 годишниот потполковникот на Армијата на Македонија, кој вчера како ковид позитивен пацинет, беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, потврдија од лабораторијата на МАНУ за Нова.
Кај војникот е забележано присуство на „нигериски„ сој на вирусот, покажале анализите.
Тој сој исто така е еден од почестите во афричките земји. Дополнително според резултатите од анализите детектирано е дека има ниско ниво на виремија, односно тоа е показател дека инфекцијата е во поодмината фаза и оди кон оздравување, велат клиничарите.
Полковникот кој учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република, вчера утрото беше донесен во Скопје. Неговата состојба е стабилна и е згрижен во посебна просторија на КИБФС во Скопје.