НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шести ден од конфликтот Израел – Газа, без знаци за крај

0
By Нова ТВ on May 15, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови воздушни напади извршија израелските сили вврз Газа, а палестинските милитанти возвратија денеска со ракетни напади кон Израел, без знаци за крај на најтешката ескалација во последните неколку години.

Американски и арапски дипломати се обидуваа да ја смират ситуацијата по ноќно насилство во кое милитантите испукаа околу 200 ракети кон градови во Израел, чии авиони погодија, како што наведе израелската армија – цели што ги користел Хамас, исламистичката група што управува со Газа.

Најмалку 136 лица се убиени во Газа од почетокот на непријателствата во понеделникот, од кои 34 деца и 21 жена, со уште 950 ранети, соопштија палестинските медицински лица.

Израел пријави осум мртви, меѓу кои и еден војник на границата со Газа и шест цивили, од кои две деца.

Израелското бомбардирање уби најмалку 12 Палестинци во текот на ноќта, соопштија медицинските лица денеска, вклучително и една жена и нејзините четири деца кои загинаа кога беше погодена нивната куќа во бегалски камп. Уште три лица загинаа, а многу други беа ранети, нагласија медицинските лица.

Илјадници Израелци бараа засолниште додека сирените се огласија ноќеска. Една ракета лансирана од Газа погоди станбена зграда во јужниот израелски град Бер Шеба, соопшти полицијата. Медиумите соопштија дека некои луѓе биле повредени во градот.

Хамас го започна својот ракетен напад во понеделникот по тензиите во врска со спор за иселување палестински семејства во Источен Ерусалим и како одмазда за судирите на израелската полиција со Палестинците во близина на џамијата ал-Акса, третото најсвето место во исламот.

Регионалните и меѓународните дипломатски напори допрва треба да покажат знаци на запирање на непријателствата.

Претставникот на американскиот претседател Џо Бајден, Хади Амр, заменик помошник секретар за Израел и палестински прашања, замина вчера, пред состанокот на Советот за безбедност на ОН што се очлекува утре. Американската амбасада во Израел соопшти дека тој има за цел „да ја зајакне потребата да се работи кон одржлив мир“.

Палестинските жртви се проширија и надвор од Газа. Палестинците, кои секоја година на 15 мај го одбележуваат своето раселување во војната во 1948 година што го опкружуваше создавањето на Израел, пријавија 11 убиени на окупираниот Западен брег, откако се судрија демонстрантите и израелските сили.

Низ централниот и јужниот дел на Израел, од градовите што се граничат со Газа до Бершеба и Тел Авив, луѓето ги прилагодија своите животи, трчајќи кон засолништа кога ќе слушнат сирени, радио и ТВ предупредувања или црвени пораки за тревога на мобилните телефони.

Непријателствата меѓу Израел и Газа се придружени со насилство во израелските мешани заедници на Евреи и Арапи. Синагоги биле нападнати, арапски продавници биле вандализирани и започнале улични тепачки, што го натера израелскиот претседател да предупреди на граѓанска војна.

Египет, кој ги води регионалните напори за воспоставување смиреност, се залага за прекин на огнот во текот на ноќта е во очекување на разговорите, соопштија два египетски безбедносни извори. Египет, кој ја дели границата со Газа, се потпираше на Хамас и ги притискаше другите, како што се САД да обезбедат договор со Израел.

Египетските и јорданските министри за надворешни работи разговараа за напорите да се стави крај на конфронтацијата во Газа и да се спречат „провокациите“ во Ерусалим, соопшти египетското Министерство за надворешни работи.

„Разговорите зазедоа вистински и сериозен пат во петокот“, рече палестински официјален претставник. „Медијаторите од Египет, Катар и Обединетите нации ги засилуваат своите контакти со сите страни во обид да се воспостави смиреноста, но договор уште не е постигнат.

Обединетите Арапски Емирати вчера повикаа на прекин на огнот и разговори, изразувајќи им сочувство на сите жртви. Во септември, ОАЕ и Бахреин станаа првите арапски држави во четвртина век што воспоставија формални врски со Израел.

Израел вчера соопшти дека повеќе од 2.000 ракети биле истрелани од Газа кон Израел од понеделникот, со половина пресретнати од ракетна одбрана и 350 паднати во појасот Газа.

Граѓанските немири меѓу Евреите и Арапите во Израел им зададоа силен удар на израелските опозициски напори да го симнат премиерот Бенјамин Нетанјаху по серијата неубедливи избори, зголемувајќи ја можноста за петто гласање за нешто повеќе од две години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.