НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска на местото на Шекеринска

0
By Нова ТВ on May 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делегатите на Конгресот на СДСМ со големо мнозинство го потврдија предлогот на партискиот лидер Зоран Заев за негова заменичка да биде избрана Сања Лукаревска. Таа е втората заменик-претседателка на СДСМ, според одлуката на делегатите на денешниот 26.конгрес на партијата.

Со 682 гласа „за“ и два „против“, конгресот го изгласа предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев. Тој ја избра Лукаревска за негова заменичка, по повлекувањето на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција во два мандати, почнувајќи од 2013 година, кога и беше воведена функцијата и кога истовремено се случи смената на партиското кормило, односно заминувањето на Бранко Црвенковски.

За разлика од Шекеринска, која пред изборот за заменик-претседателка ги извршуваше највисоките функции во партијата, така што долги години беше потпретседателка, а од 2006 до 2008 и претседателка на социјалдемократите, додека во меѓувреме беше вицепремиерка за европски прашања, а потоа и пратеничка, Лукаревска ја презема функцијата како член на досегашниот состав на Извршниот одбор на СДСМ и како директорка на Управата за јавни приходи, каде што ова и е втор мандат.

Пред конгресот, во СДСМ имаше и размислувања заменичката позиција да биде укината, со оглед на тоа што, во меѓувреме, се смени моделот за избор на партиски лидер (на непосредни внатрепартиски избори), за разлика од 2013 и 2017 година, кога Заев и Шекеринска настапуваа како тандем на тогашните изборни конгреси. Сепак, денеска, пред почетокот на конгресот, досегашниот состав на ИО решил да се избере нова заменичка на Заев.

Конгресот денеска треба да го избере и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ, за што делегатите добија листа од 120 имиња.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.