НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната во ,,Меѓународен сојуз” одби да му поставува прашања на Стефан Богоев

0
By НОВА ТВ on May 19, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неприфаќањето на предлогот на одбраната, пред сослушување на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев како сведок, да бидат изведени материјални докази, беше причина што одбраната на обвинетите во случајот ,,Меѓународен сојуз” не му постави прашања на сведокот Богоев.

Одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, откако судијката Софче Ефремова, одлучи да не го прифати нивниот предлог да се презентират докази од усб материјал, изјави дека тие како одбрана се хендикепирани и затоа нема да му постават прашања на сведокот Богоевски.

Овој став го делеше  одбраната на обвинетата Фросина Ременски.

– Прашања за сведокот ќе имаме кога судот ќе ни дозволи да ги презентираме материјалните докази, изјави адвокат Сашко Дуковски.

Ист став одбраната имаше и за сведочењето на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Градоначалникот Богоев на излегување од судот, изјави дека денеска се одзвал на добиената покана да се појави како сведок. Рече дека не знае за какви обвиненија станува збор. Прашан дали има сознанија за одобренија за изградба на старечки домови во Карпош, Богоев кажа дека „ниту имало локација, ниту имало одлука, ниту документ или било што формално или неформално“. 

Потврди дека има разговарано со Бојан Јовановски на оваа тема, но додаде оти за тоа ќе зборува во судот ако повторно биде повикан да сведочи.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчева.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.