Published: Saturday, November 2, 2013 09:08
Судијката Елена Гошева е новиот претседател на Уставниот суд. Избрана е со тајно гласање, по предлог на еден од колегите.
Гошева доаѓа на функцијата откако вчера му истече мандатот на досегашниот претседател Бранко Наумовски кој раководеше со Судот во последните три години и нема право на повторен избор. Неговиот деветгодишен мандат како уставен судија завршува на 6 декември годинава.
За изборот на Гошева гласале повеќе од неопходните две третини од судиите.




