НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СТАР: Се одржа првата работна ПОП-АП вечера со сексуални работници и високи претставници на државни институции

0
By НОВА ТВ on May 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СТАР, првиот колектив на сексуални работници во Балканот, вчера објавија дека се случила првата вечера со високи претставници од државните институции. Од СТАР го пишуваат следното:

За прв пат во историјата на Република Северна Македонија, вчера на 18.05.2021 година, овозможивме услови и ја организиравме првата работна ПОП-АП вечера, на иста маса, помеѓу сексуални работници и високи претставници на државни институции, кои имаат надлежности на делување во областа на подобрување на состојбата на човековите права, третманот на сексуалните работници и декриминализација на сексуалната работа во нашата земја.

На вечерата присуствуваа од една страна Борче Божинов – Претседател на СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот кој воедно ја имаше улогата на модератор на дискусијата, три активистки за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници, и од друга страна претставници на институциите:

Васка Бајрамовска-Мустафа – Заменичка на Народниот правобрaнител;

Јасминка Ангелова – Државна советничка во Министерството за внатрешни работи;

Александар Видиновски – Портпарол и посебен советник за односи со јавност во Министерството за правда; и

Светлана Цветковска – Советничка за недискриминацијa, заштита и превенција од трговија со луѓе во Министерството за труд и социјална политика.

За време на настанот претставничките на заедницата на сексуални работници пред високите претставниците на институциите ги изнесоа своите проблеми со кои секојдневно се соочуваат, нивните барања, како и потенцијалните решенија кои би придонеле кон подобрување на моменталната состојба во која живеат и работат сексуалните работници во Република Северна Македонија. Конкретните проблеми беа адресирани до Министерство за правда, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за внатрешни работи и до Народниот правобранител.

Беше отворена плодна дискусија во чиј фокус беа ставени сите проблеми кои произлегуваат од криминализацијата на сексуалната работа, стигмата и дискриминацијата со која секојдневно се борат сексуалните работници, како и потфрлувањето на механизмите за заштита од дискриминација и насилство.

Ваквиот тип на работна вечера беше поздравена од страна на претставниците на институциите, со оглед на тоа што изворно можеа да ги слушнат проблемите на сексуалните работници. Тие ги охрабрија сексуалните работници да продолжат во барањето на институционална поддршка, борбата против насилство и дискриминација по институционален пат, потсетија на механизмите на заштита, но ветија и заложби за подобрување целокупната состојба на сексуалните работници во доменот на нивното делување. Исто така за време на работната вечера се нагласи потребата за повеќе настани од овој тип и за поголема соработка на граѓанскиот сектор со институциите во изнаоѓање на заеднички решенија со цел унапредување на рамноправноста и заштита на правата на сексуалните работници.

Го поздравуваме присуството на претставниците од овие институции, кое е показател за отвореноста на институциите да се дискутира во оваа насока и да се изнаоѓаат креативни решенија со кои би се решиле проблемите на оваа група граѓани, а нивното активно учество и искажан интерес ни дава за право да се надеваме дека ваквиот дијалог и соработка ќе продолжи и во иднина.

Работната ПОП-АП вечера претставува креативна алка која служи да го сврти политичкото и институционално внимание кон одредена проблематика или кауза, со цел постигнување општествена промена за добробит на своите граѓани.

Овој настан се реализираше  во рамките на процесот за декриминализација на сексуалната работа во Република Северна Македонија кој го предводи Платформата за декриминализација за сексуалната работа претставувана од Здружението за поддршка на маргинализирани работници Стар- Стар, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје  и Коалиција Маргини, а беше поддржан од Фондација  Отворено општество – Македонија.

Настанот се одржа согласно сите важечки мерки и препораки за заштита од Ковид-19 вирусот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.