НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милановиќ: Северна Македонија ги исполни сите демократски услови за почеток на преговорите со ЕУ

0
By Biljana on May 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија ги исполни сите демократски услови за почеток на пристапните преговори со ЕУ, но се прејде во навика таа земја „да се шутира“ кога и да му одговара тоа некому, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако официјална Софија ги осуди неговите изјави за бугарската политика кон европската интеграција на Северна Македонија.

„Тоа не е во ред. Таа држава, а и тој народ, досега платија доста висока цена. Тие играат по правилата и се за пример. Ги исполнија сите демократски услови што човек може да ги замисли, а тоа се повеќенационални заедници во кои има многу Албанци и таа соработка е за пример“, рече денеска Милановиќ во одговор на новинарско прашање.

Потсети дека земјава, меѓудругото, го промени името на барање на Грција и додаде дека Северна Македонија е жртва на недостиг на интерес и основна емпатија.

„Тоа не се прави во 21. век. Тоа апсолутно не е основа за утрешниот соживот во Европската Унија“, рече Милановиќ.

По налог на министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, вчера во бугарското МНР беше повикана на разговор хрватската амбасадорка во Софија Јасна Огњановац. Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа била примена од генералниот директор за европски прашања, Румен Александров. Причина за разговорот била изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по Самитот на Словенија и Хрватска со земјите од Западен Балкан, одржан на 17 мај 2021 година во Брдо кај Крањ, во која тој ја нападна политиката на Бугарија кон евроинтеграцијата на Северна Македонија.

ЕУ Зоран Милановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.