НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија не го прифаќа португалскиот рецепт за решавање на спорот

0
By НОВА ТВ Balaban on May 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шатл-мисијата на шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји подзастана уште на првата станица. Обидот на двајцата европски дипломати да ја убедат Бугарија да попушти и да ја отстрани блокадата за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ доживува неуспех, доколку се суди според официјалните ставови на Софија, пренесува Дојче Веле.

На заедничката прес-конференција, бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев порача дека „не може да се очекува промена во националната позиција“ на неговата земја.
На двајцата ЕУ дипломати попладнево им претстои и посета на Скопје, но засега, сигналите се дека тешко ќе се изнајде решение.
Повеќе бугарските медиуми пишуваат дека Бугарија веќе го отфрлила предлогот за компромис кој го изготвила Португалија, како актуелен претседавач со ЕУ. Наводно, тој предлог многу малку се разликувал од ланскиот кој беше дискутиран во Берлин, под покровителство на германското МНР. Иако првично тој предлог-документ беше прифатен од Бугарија, тогашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева го отфрли веднаш откако се врати во Софија.

Некои од компонентите и во првичниот и во новиот компромис се обврската на С. Македонија да прифати дека македонскиот јазик бил кодификуван во 1945 година и да потврди дека скратеното име Северна Македонија се однесува само на Република Северна Македонија. Дополнително, португалското претседателство им нуди на двете земји и паралелни еднострани декларации со кои ќе се обврзат да го почитуваат Договорот за пријателство.

Повеќе на Дојче Веле 

 

#Португалија Бугарија спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.