Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повозрасните граѓани нетрпеливи за вакцина, ред фаќаат уште во 6.30 наутро

0
By НОВА ТВ Balaban on May 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 21, 2021 15:21

Засилен е интересот за вакцинација во трите Поликлиники во Скопје. Стотици повозрасни граѓани сами или со придружба од рано наутро чекаат пред портите на вакциналните пунктови. Уште од рани зори, 6.30 наутро, првите пациенти се редат пред влезот на Поликлиниката Јане Сандански, раскажува за НоваТВ  раководителот на Поликлиниката, Боре Радевски. Дневно само на овој вакцинален пункт се имунизираат над 730 граѓани, најголем дел од нив во старосната група над 70 години.

“Секојдневно се случува на пунктот да дојдат повозрасни граѓани кои го пропуштиле својот термин од пред неколку дена. Нив не ги враќаме. Има и пациенти кои на закажаниот термин за вакцина ќе се пожалат дека се настинати, со затна нос или кашлица. Докторите ги советуваат да дојдат друг ден. И тие граѓани ги примаме без термин да се вакцинираат откако ќе им се подобри здравствената состојба. Секој ден на овој пункт имаме закажано околу 600 вакцинирања преку системот Мој Термин, но имунизираме и по 740”, вели Радевски и додава оти за сега не се предвидени т.н. отворени данови за вскцинација на сите заинтересирани граѓани, но не ја исклучува можноста тоа да се случи кога во Македонија ќе пристигне поголема количина на вакцини.

Докторите признаваат дека огромен е интересот за вакцинација со кинеската вакцина “Синофарм” и дека во деновите кога оваа вакцина се аплицира бил најголем притисокот пред вакциналните пунктови. Сепак, се уште кај мал дел од повозртасните постои скептицизмот кон оксфордската вакцина, велат докторите.

“Има и такви кои откако ќе се информираат дека дента боцкаме само Астра Зенека прашуваат дали може да се вратат друг ден. Но, тие се многи ретки. Граѓаните веќе знаат дека оваа вакцина е безбедна и со многу висока заштита. Кај нас во Македонија нема ниту еден случај на поврзаност на оваа вакцина со било какви промени во коагулацијата” , вели доктор Даниела Николовска Христова.

Од Здравствен дом Скопје, за НоваТВ велат дека на трите вакцинални пункта во Скопје, во Поликлиниките “Јане Сандански”, “Букурешт” и “Чаир” дневно се вакцинираат и по 1700 граѓани.

Билјана Божиновска

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.