Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венко Филипче за Нова: Успешен политичар е оној кој совесно и професионално работи 

0
By Biljana on May 23, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 23, 2021 11:17

Се соочи со многу предизвици и притисоци во менаџирање со ковид панедмијата, набавката на вакцини и процесот на имунизација. Стратегијата за вакцинација покажа дека совршено го организираше процесот, сега е пред нов политички предизвик. Што може да понуди Филипче како потпретседател на СДСМ, кои се неговите заложби за партијата, што треба да смени СДСМ како владеачка партија, ова е негово прво политичко интервју.

РН: Ве изненади ли одлуката на премиерот Зоран Заев да бидете негов предлог за потпретседател на СДСМ, бидејќи и покрај блискоста што ја имате ваш став беше дека не зборувате на таа тема?

Венко Филипче: Како што знаете изминатиот период за мене и целиот тим од Mинистерството за здравство беше исклучително тежок и бурен и политичката кариера беше во втор план. Од тие причини и не давав изјави во јавноста во однос на оваа тема иако секако дека имав чести средби со премиерот. Сепак, конкретен план или договор за потпретседателското место немаше до последен момент и од тој аспект би рекол дека сум пријатно изненаден. Ова е уште една голема обврска покрај онаа редовната во Министерството и ќе биде нов предизвик за мене кој со задоволство го прифатив. Сметам дека СДСМ е единствената прогресивна партија која размислува реформски и работи во интерес на сите граѓани. Мене тој пристап и насока многу ми се допаѓаат и уверен сум дека можам многу да придонесам СДСМ да го унапреди работењето како и да ја подобри комуникацијата со граѓаните. Мојот фокус и понатаму остануваат здравствените политики и подобрување на условите во ресорот кој е столб на државата. Ковид кризата е далеку од завршена, но покрај тоа не очекува многу работа во делот на реконструкции, изградба на нов Клинички центар како и подобрување на условите за вработените во здравствениот систем.

РН: Колку личното пријателство со премиерот Зоран Заев допринесе да станете потпретседател на СДСМ?

Венко Филипче: Премиерот има многу пријатели, не сметам дека моето пријателство или блискост со него е причината за изборот. Напротив, сметам дека добриот менаџмент на Ковид кризата и унапедување на многу аспекти во здравствениот систем беа главните причини и за напредок во партиската хиерархија. Јас верувам и се залагам за тоа единствен пристап при изборот на кадри да биде изборот по заслуга и перформанс во работењето. Многу ме радува тоа што гледам дека во новото раководство на партијата како и другите партиски органи се избрани луѓе кои зад себе имаат лични и професионлани успеси и се докажани професионалци во своите области. Верувам дека овој тим ќе донесе многу нови победи но пред се ќе работи во интерес на граѓаните.

РН: Дали ќе сте успешен политичар како што сте успешен неврохирург?

Венко Филипче:Видете, јас верувам дека успешен политичар е оној кој ќе се докаже дека знае да работи и менаџира на позицијата која ја добил во владата или партија. Празни политички флоскули и итроштини, дворски игри и неполезни дебати веќе не се на цена кај граѓаните, ниту треба да бидат карактеристики на модерниот политичар. Оттаму, прашањето дали ќе бидам успешен политичар за мене значи дали успешно, совесно и професионално ќе ја работам секоја зададена работна задача. Без разлика дали е тоа министер за здравство, претседател на партиска комисија или пак друга позиција за време на изборите, јас кон сите обврски пристапувам сериозно и се трудам да ги исполнам максимално одговорно. Така и ќе пристапам кон сите идни предизвици во рамки на партискиот ангажман.

РН:За што ќе се залагате во партијата, што треба да смени СДСМ?

 Венко Филипче: Во голема мера одговорот на моето претходно прашање ја содржи суштината на она што сметам дека во партијата може да се подобри. Прво, мислам дека во политиката одамна нема место за импровизација, како со кадар така и со реализација на ветеното пред граѓаните. Политичкиот менаџмент е сериозна работа која бара професионалци и одговорни луѓе на сите позиции кои ќе работат по јасно утврдени стратегии и цели. Нивната работа мора да се следи и соодветно евалуира како целиот систем би функционирал добро, а краен бенефит од тоа би имале граѓаните. Ефикасноста во работењето и реализацијата на ветувањата треба да бидат топ приоритет на партијата. Тоа пак единствено може да се постигне ако работите се поставени така да се избрани квалитетни луѓе кои имаат јасни насоки за работа и истите се соодветно оценувани и наградувани за својата работа. Понатаму, би рекол дека партијата мора многу сериозно да вложува во младината, во нивна едукација и да ги стимулира за што поголем општествен ангажман. Младинските партиски организации мора да бидат многу поактивни и организирани. Од нив треба да произлегуваат идни партиски и владини кадри, но не само заради тоа што биле лојални партиски активисти, туку зрели луѓе кои со многу учење, личен развој и стекнато работно искуство во одредени полиња ќе напредуваат и во партиската хиерархија. Следно, сметам дека има огормен човечки потенцијал кој останува далеку од партиите заради тоа што нема доверба кон начинот на кој се бираат кадрите или пак ја сметаат политиката за „валкана работа“. Ова мора да се промени. Заради ваквата перцепција често недостасува квалитетен кадар за клучните државни позиции а со тоа губиме сите ние. Како да ги донесеме вистинските луѓе на вистинските позиции треба да биде една од клучните заложби.

РН: Вашата функција како министер опозицијата ја поврзува со неколку случаи, односно ги нарекува афери – градбата во Нерези, набавката на вакцини и тврдењата дека како министер ве интересираат само провизии. За овие обвинувања нема докази или постапки се е сведено на соопштенија или партиски пресови, но сепак колку тоа ќе биде товар за вашата политичка кариера?

Венко Филипче: Опозицијата со своето делување постигна нешто многу значајно, таа успеа да ја побие теоријата на релативноста. ВМРО-ДПМНЕ докажа дека сепак не е се променливо, бидејќи таа партија буквално со години не се менува. Неверојатно е како со истите ретроградни политики, со истите стратегии на манипулации и со истите обиди за опструкции пристапуваат кон секоја политичка ситуација, предлог или политика. Јас навистина не можам да ја разберам таа неконструктивност и неверојатната неспоосбноста да се препознае тронка државен интерес во моменти на криза или за суштински важни прашања. Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што едноставно имаат само една единствена цел, а тоа е како да се докопаат до власт небирајќи ниту метод, ниту начин. Најстрашно од се е што воопшто не се грижат дали со своите методи им штетат на граѓаните. И тоа е виситната за нив и знам дека граѓаните тоа ќе го препознаваат и казнат на избори. Јас сум свесен дека се случуваше СДСМ да донесе одлуки или политики кои можеле и морале да бидат подобри, но да се разбереме, постои суштинска разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДСМ греши, партијата прифаќа, се менува, се унапредува и најважно од се, се бори и работи за стратешкиот интерес на граѓаните и државата. Без разлика дали е тоа надворешна политика, крупни проекти како Клинички центар, борба со пандемија, економски мерки за спас на стопанството – СДСМ при креирањето на политиките го има во фокус државниот и граѓанскиот интерес. Кај ВМРО-ДПМНЕ тоа не постои, таму постои само интерес за власт и личен односно тесно партиски интерес. Јас, на пример, бев шокиран од протестот кој го одржаа за наводна одбрана на уставобранителите – луѓе кои биле спремни и имале намера да ликвидираат пратеници. Тоа го претставуваат како врв на патриотизмот а всушност е настан за кој треба секојдневно да се извинуваат и да бараат прошка од народот и нивните колеги.

РН: Како неврохирург сте на врвот, кој е вашиот врв во политиката?

Венко Филипче: Навистина не размилувам за тоа. Како ќе се развива мојата политичка кариера во моментов е навистина најмалку важно прашање. Пред нас има низа предизвици и важни одлуки за иднината на државата и граѓаните. СДСМ храбро ги отвори и решава најгорливите проблеми во надворешната политика, се бори со пандемијата но и со економските последици од неа, започнати се низа суштински реформи во повеќе сфери како образование, правосудство, социјална заштита, здравство…и ова ќе мора да биде фокусот во следниот период. Како што кажав држвата мора да оди напред, мора да се подобри реализацијата и успешно да се менаџира со сите проблеми и предизивци а такви ги има многу. Оттаму, во зависност од тоа како јас и сите други мои колеги ќе се справуваме со предизивците веројатно и ќе се развива мојата политичка кариера. Во периодот пред нас останувам целосно посветен да ја победиме пандемијата за што сме навистина на добар пат. Имаме одлична реализација во делот на вакцинацијата и верувам дека брзо ќе ги избавиме граѓаните од ова зло кое не снајде и ни ги промени животите.

РН: За крај, иако ова требаше да биде интервју исклучиво поврзано со вашата нова партиска позиција, мора да ни кажете и нешто околу пандемијата. Кога конечно може да очекуваме крај? Има ли некакви претпоставки и кои се вашите реални очекувања од вакцинацијата, дали таа ќе стави крај на агонијата и кога? Кои се следните планови на Министерството во однос на ова прашање?

 Венко Филипче: Ковид-19 вирусот многу пати ги демантираше сите предивудвања и пргознози на експеритите низ целиот така што секое предвидување е лотарија. Се соочивме со најголемата здравствена криза во поновата историја и за жал, светот претрпе огромни загуби во човечки животи, но и непоправливи економски последици. Јас сум оптимист дека најстрашното е зад нас бидејќи сега го имаме најсилното оружје против вирусот – вакцината. Нема да бидам скромен и ќе кажам дека подготвивме ефикасен систем на вакцинација и просеците од над 10.000 вакцинирани дневно се нешто на што се гордеам заедно со целиот тим. Со оваа динамика на вакцинирање и растечкиот интерес на граѓаните за вакцинација, до почетокот на есента ние ќе го вакцинираме најголмиот дел од населението и со тоа ќе бидеме подготвени да го амортизираме евентуалниот есенски бран. Предвидувањата велат дека е можно наесен да имаме нов пик, но истиот во зависност од степенот на постигнат имунитет да биде далеку послаб од претходните три брана. Затоа, наш фокус е во следните месеци да вакцинираме што поголем број  граѓани и затоа ќе ја искористам оваа прилика уште еднаш да повикам сите масовно да се пријавуваат за вакцинирање бидејќи други излез и спас од оваа криза не постои.

Венко Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.