Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски остварил работна средба со шефот на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, на која размениле информации во однос на моменталната политичка ситуација во земјата, здравствената и економската криза.
„Потенцирав дека власта не се справи добро со пандемијата, набавката на вакцини доцнеше скоро половина година, а како резултат на тоа се загубија околу 6.000 човечки животи, кои за жал згаснаа како последица на корона вирусот. Додадов дека СДСМ и Зоран Заев од земјата направија заробена држава во која владеат криминалот и корупцијата, а главни иницијатори се високите функционери од власта кои врз грбот на граѓаните ги зголемуваат личните богатства, додека народот не може да преживее поради лошата економска состојба во државата“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Мицкоски пред Која истакнал дека Власта се однесува игнорантски кон граѓаните, а како последен пример за истото го посочил укинувањето на учебниците.