НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќучук: Скопје и Софија треба „подобро да се запознаат“

0
By Biljana on May 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот од Преспа генерално кажува дека Република Северна Македонија нема никаква поврзаност со античка Грција и тука разговорот завршува, се поставува точка, но со Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година се поставува запирка и можеби од таму доаѓа поголемото, покомплексното прашање, рече во гостување на ТВ21, европратеникот и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук, додавајќи дека ќе биде потребно време да се реши проблемот меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека ќе треба „подобро да се запознаеме”.

„Договорот од 2017 година поставувајќи ја темата за заедничка историја кажува и уште нешто дека тоа прашање не може да биде решено во рок од неколку години, тоа е значајната разлика со Договорот од Преспа. Договорот од Преспа генерално кажува дека Република Северна Македонија нема никаква врска, т.е. Република Северна Македонија нема поврзаност со античка Грција и тука разговорот завршува, се поставува точка. Додека со договорот од 2017 година се поставува запирка и можеби од таму доаѓа покомплексното прашање“, истакна Ќучук во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“.

Спроед него, евидентно било дека за исти историски настани има различно толкување и различно објаснување во двете земји, па додава дека во следните неколку години нема да биде побаран едноставен одговор на „многу сложени прашања акумулирани во текот на годините”.

Европратеникот смета дека не треба да се очекува земјава да ги почне преговорите за членство во ЕУ во јуни, со оглед на случувањата во Бугарија и немањето политичка влада.

„Ако гледаме на тоа како статичен феномен, односно бараме одреден датум кога Гордиевиот јазол би се разврзал, тогаш веројатно нема да најдеме датум, колку и да се обидуваме да го најдеме. За мене големиот разговор е како може да се создаде позитивна политичка атмосфера меѓу двете страни заснована на убедување дека ќе треба да одиме по патот на Европската унија заедно“, додаде Ќучук.

Договор за добрососедство со Бугарија Илхан Ќучук Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.