Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”, денеска ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе” ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил.
Во попладневните часови, Пендаровски, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре”, каде заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј.