НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изјавите на Милановиќ за македонско-бугарскиот спор предмет за нови судири со премиерот

0
By Biljana on May 27, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Напнатиот однос помеѓу хрватскиот претседателот Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ не стивнува. Вчерашниот коментар на Пленковиќ дека изјавата на Милановиќ за бугарскиот конфликт со Северна Македонија предизвикал напади врз бугарски државјани во Хрватска, го испровоцира хрватскиот претседател:

„Хрватскиот премиер шета и треска како последна баба на плоштадот, треска за некакви на Бугарите во Хрватска, претпоставувам … За што ли зборуваше?“, рече Милановиќ.

„Тој подбуцнувач и измамник одговорен за извештајот што дошол до Министерството за надворешни и европски работи, за извештајот што до службите на Владата дошол од бугарската амбасада за напади врз тројца, мислев дека се работи за двајца, но за тројца бугарски државјани . Зошто? Затоа што тој зборуваше нешто на ридот кај Крањ, рече премиерот Пленковиќ.

Да се нарече некој подбуцнувач е сериозно обвинување, објасни Милановиќ.

„По што сум јас подбуцнувач? Поради тоа што предупредив дека политката на една држава, за која Хрватите во принцип не се заинтересирани, кон друга држава која ни е пријателска, е некоректна и долгороќно штетна, дека е тоа изживување кон послабиот“, објасни Милановиќ.

„Па, немаше напад врз Бугарите пред таа изјава, ниту пак амбасадорот дојде да го пријави, бидејќи се случи ненадејно“, му одговори Пленковиќ.

Нападите и острата реторика не се изоставени во кампањата пред вториот круг на локалните избори во Хрватска.

„Нема да почнувам од тоа дека добивав закани, тоа е неодговорно однесување. Па, гледаш дека тој не е Хрват, тој работи за Сорос, Сорос е Евреин, добар е со Србите, тоа се тие гнасни работи кои им се сервираат на луѓето“, рече Милановиќ.

И двајцата се согласуваат дека заканите и навредите се неприфатливи, но Пленковиќ тврди дека Милановиќ континуирано користи таков дијалог.

„Ги нападна лидерите на невладините здруженија кои се занимаваат со женските права, ги нападна лидерите на српското малцинство на СДС во Хрватска на начин кој е полош од она што ние сега го слушаме. Разбирате?“, рече Пленковиќ.

А, се чини дека разбирање во дијалогот помеѓу претседателот и премиерот и натаму недостасува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.