Завртете го Emotional Brilliance тркалото со бои и ќе добиете ваше, лично читање на боите.
Изберете три бои и извадете ги од тркалото. Овие бои се поврзани со одредени зборови кои ја откриваат вашата актуелна состојба на умот. Ви го претставуваме новиот концепт на избор на боја според вашите психолошки потреби, боја која одговара на вашите чувства.
Оваа колекција се состои од бои за усни, обележувачи и сенки за очи, повеќе бои а помалку шминка. Сезоната и трендовите не секогаш ќе ги исполнат вашите потреби. Emotional Brilliance функционира на тој начин што ќе носите нешто кое е наменето за вас, ќе изберете бои а со нив и соодветни зборови како што се: превземете контола, гламурозна…- ќе бидат значајни за вас и вашите потреби во тој период.
Тоа е моќта на сугестијата- доволно е она во што вие верувате, тогаш ќе почнете и така да се однесувате а вашата боја ќе биде тука за да ве потсетува.
За листата на зборови кои се имиња на боите LUSH работеше со Кенеди која е терапевт за стратегијско однесување – специјалист за менување на однесувањето и ставовите на луѓето. Овие зборови таа ги користи во нејзината терапија за да ја промени перцепцијата и однесувањето на луѓето.
Emotional Brilliance e спектар кој носи експлузивна форма на терапија на умот преку уметноста на боите. Првата боја која ќе ја одберете ја симболизира вашата СИЛА ИЛИ СЛАБОСТ, втората боја ја претствавува ПОТРЕБАТА НА ПОТСВЕСТА, третиот избор е вашиот ТАЛЕНТ, она што е потребно за да постигнете се што посакувате.
Сите три избрани бои можат да се користат како течен кармин, течен обележувач за очи и како кремаста сенка, немора да се носат сите три оддеднаш но може да се комбинираат. Основата на боите за усни и обележувачите за очи е од органско масло од јојоба, канделила восок и восок од ружи а базата на сенките е од смирувачка инфузија од ружини петелки, масло од бадеми и масло од јојоба.
Ова не е вообичаена основа во декоративната козметика која испорачува само пигмент на кожата. Ние ја избалансиравме основата (базата) и нивото на пигмент за да се постигне најприродниот возможен изглед, велат во Лаш (Lush).
)