Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проектот на владата „Старите касарни за нов развој“ не важи во Струмица

0
By Томе Христов on March 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 14, 2014 11:23

Амбициозниот владин проект „Старите касарни за нов развој – Владата за граѓаните“, промовиран во времето кога министер за одбрана беше Зоран Коњановски, и по пет години не важи за општина Струмица. Сите други девет општини од вкупно десет ги добија објектите од касарните со цел за побрз локален економски развој.

Од општина Струмица велат се додека градоначалник на Струмица е Зоран Заев, министерството и Владата ќе пробуваваат на било каков начин да ја одлагаат постапката и да не ги додели дел од објектите од касарната на општината да стопанисува.

А првичните договори со министерот Коњановски и неговите изјави да се отстапат дел од објектите во делот на касарната, откако ќе се изработи детален урбанистички план таквиот повеќе не важат. Наместо тоа Владата денес пробува да ги манипулира граѓаните со пренамена на објектите од јавен во деловен простор се со цел да ја продаде касарната.


За ваквата манипулација како што тврдат од општината, НОВА побара одговор од Министерството за Одбрана. На кој начин е направена пренамена на објектите од јавен интерес во деловен, дали тоа е направено во соглсност со Советот на општина Струмица и зошто токму Струмица, не може да стопанисува со дел од објектите во касарната каде според ДУП е предвидено да бидат сместени неколку јавни институции?

Во телефонски разговор ни рекоа дека одговор на овие прашања ќе добиеме во електронска форма. Одговор не добивме.


Секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов, за НОВА вели дека и покрај неколкуте барања од страна на општината откако е изработен деталниот урбанистички план, амин од министерството за одбрана и од Владата нема.

При изготвувањето на ДУП беше договорено дел од објектите да бидат отстапени на општина Струмица за вршење на јавни функции. До денес вакви објекти, Владата и нема отстапено на на општината, вели Паррталов.


„Се надеваме дека барем во делот за територијалната противпожарна единица каде што претходно имаме добиено еден објект, ќе се комплетира целокупна одлука со уште два објекти кои се наоѓат на иста градежна парцела за што побргу да ја дислоцираме противпожарната единица во новиот објект“, изјави Парталов.

Тој потенцираше дека Министерството за одбрана има објавено неколку огласи за продажба на објекти во делот на касарната кој што наменски не одговараат согласно намената предвидена во деталните урбанистички планови.

„Се продава објект управна зграда или е веќе продаден, а намената согласно ДУП е јавна односно државна институција. Тоа значи дека идните купувачи не ќе можат да ја вршат својата дејност бидејќи не се работи за деловен простор. Самата намена предвидена во ДУП при неговото изготвување е усогласено заедно со Министерството за одбрана, Министерството за транспорт и врски и општината. Колку од објектите се продадени и дали има воопшто продадени општина Струмица нема сознание, додава Парталов.

Инаку според урбанистичкиот план се има утврдено на тоа место да бидат сместени , Јавното претпријатие „Комуналец“, невладини организации, Дом за старци, Младински центар, Центар за деца со посебни потреби, противпожарната единица.

Доколку имаат навистина направено промена на ознаките со кои пробуваат да извршат пренамена на објектите од јавен во деловен се со цел да ја продадат касарната е само манипулација.

„Пренамена на земјиштето и на објектите согласно законот за просторно и урбанистичко планирање се носи во постапка во која што општината го носи ДУП, во согласност со министерството за ртранспорт и врски. Доколку се има направено таква пренамена, таа е несоодветна со законот, зошто постапката ја води Советот на општина Струмица, вели за НОВА Секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов.

Во неколку наврати за случајот со струмичката касарна и самиот градоначалник на Струмица Заев има истакнато, а воедно и апелираше до Владата и Министерството дека објектите од касарната не ги даваат на Заев, туку на општина Струмица со цел за побрз локален економски развој како што и самите најавија со овој проект „ Старите касарни за нов развој“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.