НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доктор Грац: Канабисот да се тргне од листата на наркотици

0
By Sashko on June 3, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Денис Грац, босански политичар и пратеник во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина

Уште во 2017 година, како член на парламентот на ФБиХ, започнав иницијатива за отстранување на канабисот (Cannabis sativa L) од Табелата и од Списокот на наркотични дроги, психотропни супстанции, растенија од кои можат да се добијат наркотични дроги и прекурзори.

Ги имав предвид ставовите од медицината и фармацијата, како и правната пракса на земјите од ЕУ, пред сè на Словенија и на Хрватска, каде канабисот беше тргнат од списокот на наркотични средства. Задржувањето на канабис на списокот на забранети супстанции и растенија беше спротивно на мислењето на Комората на магистри по фармација на Федерацијата БиХ. Од гледна точка на медицинската професија, како и според прогресивната правна пракса и повеќепати изразените граѓански иницијативи, нема пречка канабис сатива Л да се пренесе од табела I (забранети супстанции и растенија) во табела II (супстанции и растенија под строга контрола), односно да овозможи употреба на оваа лековита супстанција во медицински цели.

Целта на иницијативата беше декриминализација на канабисот и да се направат ова растение и неговите деривати, првенствено смола или масло, достапни за пациентите и болните од разни хронични и тешки болести. За жал, тогаш политиката не реагираше, иницијативата беше „задушена“ во процесот на изјаснување преку надлежните комисии и работните групи.

Во меѓувреме, приказната доби исклучително позитивен одговор од јавноста. Различни јавни граѓански иницијативи, особено онаа на Ирфан Рибиќ, во голема мера успеаја да создадат позитивна, проактивна атмосфера. БиХ, како и голем број земји, како Германија, САД, Канада или Швајцарија, влезе во процес на законска декриминализација и легализација на употребата на канабис.

Ги слушав искуствата на наши луѓе на кои канабисот им помогнал буквално да ја напуштат болничката постела и да продолжат да живеат достоинствено. Како и ветераните кои страдаат од ПТСН, жените кои страдаат од артритис, атеросклероза, депресија или несоница, млади луѓе со дијабетес, семејства уништени од Алцхајмерова или Паркинсонова болест… Сите тие беа принудени да бараат алтернативни начини на лекување, бидејќи конвенционалната медицина веќе не беше во можност да помогне.

Канабисот им помогнал на многу луѓе на кои им биле дијагностицирани најтешки болести, како што се мултиплекс склероза или карцином, да го подобрат квалитетот на животот. Спорно е што сите пациенти биле принудени да набавуваат канабис на црниот пазар, нелегално, и што државата на тој начин ги изложувала на кривично гонење. Ова е етички неприфатливо и претставува одреден вид на системско насилство. Луѓето се оставени на милост и немилост на дилерите, а државата не ја препознава неопходноста за заштита на болните.

Нема друга алтернатива освен да се инсистира на усвојување законска регулатива што не само што ќе го декриминализира канабисот, туку и ќе обезбеди квалитет и контрола на неговата употреба во пракса. Во таков процес, државата ќе може да го оданочува канабисот и да ги искористи парите за подобрување на здравствената заштита во БиХ и за понатамошно истражување.

Тоа би бил почеток на процес за помагање на многумина, што би им донел добро на сите. Но, потребно е да се разговара за тоа и да се детабуизира приказната.

Преземено од okruzenje.net

Денис Грац канабис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.