Мјузиклот “Роки” почна да се изведува на Бродвеј, но она што е интересно е дека со техничката магичност победи над”не-непрепознатливата” музика, што е одговор на критиките.
Мјузиклот – врз основа на оскаровскиот филм – е и дело на филмската ѕвезда Силвестер Сталоне, кој е ко-автор на текстот.
Дејствието се случува во 1975 во Филаделфија и го следи патот на аматерски боксер кој се соочува со изненадување на првенството во тешка категорија .
“Финалната борба е толку запрепастувачка што делува на публиката чудесно”, пишува Дејвид Руни во Hollywood Reporter.
“Секое негодување околу недостатоците на музичкиот дел се компензира на друг начин, што претставува чудо во спектакуларното финале кое трае 20 минути”, додава Руни.